Важноста на бакарот за здравјето: 8 придобивки од овој важен минерал и намирници што го содржат

Фото: Pexels
250

Постои минерал кој не само што влијае на нивото на енергија, туку и го спречува предвременото стареење, ја балансира функцијата на тироидната жлезда, придонесува за правилен срцев ритам, ги намалува симптомите на артритис и здравата пигментација на кожата. Се разбира, станува збор за бакар.

Овој минерал, за кој малку се зборува, влијае на правилниот раст и развој на организмот и искористувањето на железото, како и на здравјето на сврзното ткиво, очите и косата.

Во комбинација со амино киселини и витамини, бакарот влијае и на правилните метаболички процеси во телото.

Меѓутоа, бидејќи телото не го произведува само, мора да го консумираме преку исхрана или додатоци во исхраната.

Препорачаната дневна количина на бакар за возрасни и деца над 4 години е 900 микрограми, за деца од 1 до 3 години 300 mcg, а за оние најмалите, до една година – 200 mcg.

Знаци и симптоми кои може да укажуваат на недостаток на бакар:

остеопороза и кршливи коски
неправилен срцев ритам
анемија
нарушувања на тироидната жлезда
проширени вени
ниска телесна температура
склоност кон воспаление и инфекции
проблеми со пигментацијата
дијареа

Недостатокот на бакар најчесто се јавува поради лошата исхрана, слабата апсорпција на минералите, но и поради преголеми количини на железо и цинк кои се земаат преку суплементите. Имено, овие два минерали се во блиска интеракција со бакарот, па затоа треба да внимавате да ги внесувате во оптимални количини.

Здравствени придобивки од бакарот

Овозможува правилен развој и раст на органите

Бакарот е неопходен за правилен раст на органите и ткивата, како и за заштита на кардиоваскуларниот, скелетниот и нервниот систем.

Ако му недостасува на телото, телото и органите не можат нормално да се развиваат (затоа при недостаток на бакар, се јавуваат дефекти на фетусот), а оневозможена е и соодветна оксигенација преку црвените крвни зрнца.

Ги ублажува воспалителните процеси

Можеби сте виделе бакарни нараквици за продажба некаде на пазарот? Благодарение на антивоспалителните својства на овој минерал, носењето бакарна нараквица може да помогне во ублажување на симптомите на артритис.

Исто така, добро е да се чува водата во бакарни садови, на пример. Имено, со конзумирање на ваква вода ја зголемувате и концентрацијата и нивото на овој важен минерал во вашиот организам.

Најдобро е да ја пиете наутро – на тој начин вашето тело ќе добие доволно бакар на време за своите важни метаболички функции.

Ја заштитува кожата и го стимулира производството на меланин

Дали знаевте дека бакарот игра не само важна улога во синтезата на хемоглобинот, туку и колагенот?

Освен тоа, ги штити миелинските обвивки околу нервните влакна и учествува во производството на еластин, кој е од клучно значење за флексибилноста на кожата.

Овој минерал е исто така важна компонента на природниот темен пигмент меланин, кој влијае на бојата на косата, очите и кожата.

Меланоцитите можат да произведуваат меланин само во присуство на посебен ензим кој содржи бакар, а тоа е тирозиназа.

Поттикнува апсорпција на железо и спречува анемија

Бакарот не само што помага во апсорпцијата на железото од цревата, туку и го помага неговото ослободување од примарното „складиште“, како што е црниот дроб.

Бидејќи одржува оптимален број на црвени крвни зрнца и промовира соодветна оксигенација на ткивата, бакарот во голема мера помага да се спречи анемија.

Го зголемува нивото на енергија

Во нашите клетки постои складиште на енергија наречено аденозин трифосфат. Токму бакарот е нужен за неговата синтеза!

Затоа, за да имате доволно нивоа на енергија и да избегнете летаргија и замор, едноставно зголемете го внесот на бакар, било преку храна или преку додатоци.

Го подобрува здравјето на тироидната жлезда

Кога станува збор за тироидната жлезда, потребно е да се обезбеди доволен внес на бакар, што значи дека во телото не треба да го има ниту премногу, ниту премалку.

Ако не обезбедиме оптимален внес на бакар, може да се развие хипотироидизам или хипертироидизам.

Спречува инфекции на уринарниот тракт

Ако се борите со инфекции на уринарниот тракт предизвикани од E. coli, бакарот може да биде едно од добрите решенија за вас.

Бидејќи овој минерал го зајакнува имунолошкиот систем, помага и во одбраната од инфекции предизвикани од бактерии, од кои едната е E. coli.

Ја стимулира функцијата на мозокот

Храната што содржи бакар често се нарекува „храна за мозокот“ и со добра причина.

Овој минерал ги стимулира мисловните процеси и менталните функции.

Мисловните процеси се особено поврзани со протеинот ATP7A, кој го транспортира бакарот.

Истражувањата открија директна врска помеѓу зголеменото ниво на овој протеин во мозокот и креативното размислување.

Сепак, слично на случајот со тироидната жлезда, оптималниот внес е исто така важен за добрата функција на мозокот, што значи ниту премногу ниту премалку бакар.

Најдобри извори во исхраната

За да внесете доволно количество бакар во вашето тело, консумирајте ја оваа храна:

темно чоколадо (плоча): 1,8 милиграми бакар
семки од сончоглед (1 шолјичка): 0,8 мг
индиски ореви (28 г): 0,6 мг
Наут (1 шолјичка): 0,6 мг
суво грозје (1 шолјичка): 0,5 мг
леќа (1 шолјичка): 0,5 мг
суви кајсии (1 шолјичка): 0,4 мг
авокадо: 0,4 мг
семе од сусам (1 лажица): 0,4 мг
варена киноа (1 шолјичка): 0,4 мг
Меласа (2 лажици): 0,3 мг
шитаке печурки (28 г): 0,3 мг
бадеми (28 г): 0,3 мг
шпароги (1 шолјичка): 0,3 мг
сиров кељ (1 шолјичка): 0,2 мг
козјо сирење (28 г): 0,2 мг
чиа семе (28 г): 0,1 мг

Покрај здравата исхрана, можете да постигнете оптимален внес на бакар со конзумирање на вода од бакарна чаша, како и со помош на додатоци во исхраната.