Вегански колач со чиа семе и лимон

Фото: Spoonful of Heaven
46

Рецептот за овој колач е едноставен, а колачот е лесен и со здрави состојки, па можете да изедете и дупла доза

Рецептот за овој колач го најдовме на страната Spoonful of Heaven

Состојки:
2 чаши (240 г) овесно брашно
1 чаша (200 г) кокосов шеќер
1 чаша (240 мл) бадемово млеко
⅓ чаша (80 мл) стопено кокосово масло
Сок и кора од 2 лимони
2 лажици чиа семе
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка јаболков оцет
1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:

Во голем сад измешајте ги сувите состојки, овесно брашно, кокосов шеќер, сода бикарбона и прашок за пециво.
Во помал сад ставете чиа семе со 4 лажици вода и оставете да отстои 10 минути додека не се згусне.
На сувите состојки додадете ги влажните, бадемово млеко, стопено кокосово масло, сок и кора од лимон, ванила и јаболков оцет. Добро измешајте додека не се изедначи.
Додадете го и натопеното чиа семе, измешајте и истурете ја смесата во подмачкан калап. Печете на 180°C околу 35-40 минути.

Оставете го колачот да се излади па исечете го и уживајте во неговата цитрусна свежина и мека текстура!