Ако ви треба инспирација за следниот посен оброк, искористете ги предлозите од dm дрогерии
Од втори март започнаа велигденските пости кои за православните христијани претставуваат најважниот пост во годината. Сè до крајот на април, односно до Велигден, верниците ќе ја ограничат својата исхрана и нема да консумираат месни и млечни производи.
Во овој период, оние кои постат ќе консумираат најмногу овошје и зеленчук, но и производи кои во себе не користат млечни производи, месо и продукти направени од нив. Но, за многумина, не е лесно да се пронајдат оброци кои ќе нè држат сити секој ден и до крајот на постот.
Каде да пронајдете посни производи?
Низ Скопје, а и ширум земјата, сè повеќе ресторани и специјализирани продавници нудат здрава и веганска исхрана. Ваквите локали се идеални за лицата кои посветено постат и бараат идеи за оброк.
Покрај веганските ресторани во кои менијата се преполни со посни оброци, маркетите, исто така, нудат цели рафтови со храна која е посна, особено во овој период.
Интересно, популарните dm дрогерии имаат свој оддел со здрава храна каде што ќе пронајдете огромен број на производи за оваа прилика. Преку 400 различни dmBio сертифицирани органски производи се достапни кај нив, што значи дека само треба да одберете што најмногу ви се допаѓа. Идеи за брза подготовка на храна, намирници кои нема да ги најдете на друго место, но и енергетски барови кои ќе ја обезбедат енергијата што ви е потребна во текот на денот – сето тоа го има во нивниот оддел за органска храна.
Идеи за следниот посен оброк
Иако има изобилство на зеленчуци, намази од семиња, јаткасти плодови и многу други нешта кои може да ги комбинирате за прекрасен посен оброк, многумина од нас се заглавени во традиционалните идеи кои вклучуваат „масна“ храна. Ако ви треба инспирација за следниот посен оброк, искористете ги следниве предлози:
Печен зеленчук
Балканот е место на кое огромен број вкусни зеленчуци успеваат и кои може да ги најдете во текот на целата година. Наредете во тава и ставете во печка на 200 степени доволно моркови, тиквички, модри домати, пиперки, брокула, карфиол и слично со малку маслиново масло и оставете ги така 20-ина минути. Ова е вкусен посен оброк полн со витамини и протеини.
Паста со сос од домати
Одберете интегрални шпагети или слични производи кои во себе не содржат јајца и сварете ги во тенџере. Додека чекате тестенините да зовријат, направете вкусен сос од домати, додајте босилек, печурки, чили или слични производи по вкус и измешајте ги тестенините откако ќе се сварат. Уште една одлична идеја за ваков рецепт може да пронајдете тука!
Тост со хумус и зеленчук
На две парчиња интегрален леб намачкајте хумус и додајте некои од омилените зеленчуци. Спојте ги лепчињата и ставете ги на тостер. За неполна минута имате тост кој ќе биде превкусен.