Во име на морковот, целерот и вкусниот кромид: Здравствени придобивки на намирницата која е дел од најпознатото кулинарско тројство

Фото: Pexels/Pixabay
237

Заедно со морковите и целерот, кромидот се смета за основна намирница на познатото кулинарско тројство

Кромидот (лат. Allium cepa) е нискокалорична билка со препознатлив мирис, која потекнува од Азија и Блискиот Исток. За јадење, но и во медицински цели се користи околу 5.000 години.

Ова растение ќе го подобри вкусот на секое јадење, без разлика дали го преферирате свежо, како дел салатите и сендвичите, динстано во супи и чорби или печено со месо.

Заедно со морковите и целерот се смета за основна намирница на познатото кулинарско тројство. Во својата свежа форма, кромидот е лут, но ако го подложите на долготрајна термичка обработка на ниска температура, тој ќе стане сладок и карамелизиран. Можете исто така да го скиселите и да го додадете во различни јадења.

Зошто треба да јадете кромид?

Најмногу здравствени придобивки од кромидот ќе уживате ако го јадете сиров. Имено, тој содржи бројни хранливи материи, од витамини А, Ц и Е до калциум, калиум и магнезиум, кои благотворно делуваат на човечкото тело.

Кромидот содржи кверцетин, кој го намалува високиот крвен притисок, го спречува создавањето наслаги на ѕидовите на артериите, како и формирање на згрутчување на крвта, со што се намалува можноста од болести на срцето и циркулаторниот систем.
Богат е со антиоксиданти, кои го зајакнуваат имунитетот на организмот.
Има антиинфламаторно дејство.
Тој е добар извор на калциум – минерал кој е неопходен за здравјето на коските.
Јадењето сиров кромид го зголемува нивото на тестостерон кај мажите и помага при еректилна дисфункција, покажа студијата објавена во списанието Biomolecules.
Иако многу луѓе избегнуваат да го јадат поради непријатниот мирис, истражувањата покажаа дека придонесува за здравјето на забите.
Тој е одличен диуретик и ја стимулира функцијата на бубрезите.