Вода од бамjи: Тренд на Тик-Ток кој ветува здравје
Кога мешунките од бамји се во вода, течноста добива карактеристична слузава текстура. Наводно, оваа вода има корисни ефекти врз регулирањето на шеќерот во крвта, хидратацијата и богатството на хранливи материи корисни за здравјето.
Бамјата, позната по својата слузава текстура кога се готви и нејзината честа употреба во супи и пржени јадења, во последните месеци стана хит на Тик-Ток . Но, не од кулинарски причини, туку, како што тврдат инфлуенсерите, поради нејзините наводни корисни ефекти врз регулирањето на шеќерот во крвта, хидратацијата и богатството на хранливи материи корисни за здравјето.
Сепак, прашање е дали е ова уште еден минлив тренд или водата од бамји навистина може да стане своевиден „свет грал“. Експертите имаат одговори на ова.
Водата од бамји се прави со потопување исечени или цели мешунки од бамји во вода неколку часа, обично преку ноќ. Во ова време, растворливите влакна и слузавиот гел од плодот преоѓаат во водата, давајќи му на напитокот малку густа, слкузава текстура.
Трејси Бригман, диететичар и клинички професор на Универзитетот во Џорџија, истакнува дека правилната подготовка, која вклучува темелно миење на мешунките и консумирање на пијалокот во рок од 24 часа, е од суштинско значење за безбедноста и оптималните здравствени придобивки, но исто така и за да се избегне премногу интензивен слузав вкус, пишува Parade.
Можни здравствени придобивки
Бригман нагласува дека една до две чаши вода од бамја може да обезбеди некои придобивки, иако истражувањето сè уште не е доволно силно за да го потврди ова. Тој препорачува да се исечат четири до пет мешунки од бамја, да се стават во една до две чаши обична вода и да се остават преку ноќ. Пред консумирање, мешунките треба да се процедат и да се исцеди евентуалниот дополнителен сок.
– Водата од бамија се смета за корисна за регулирање на шеќерот во крвта, за варењето и за губење на тежината, но поголемиот дел од доказите доаѓаат од истражувања на целата мешункаста билка, а не само на водата – вели Бригман и додава дека редовното пиење може да помогне со хидратација, одржување на крвниот притисок и исфрлање на токсините од телото.
Кој треба да избегнува вода од бамја?
Диететичарката и нутриционистка Џана Тотиљо додава дека луѓето со гастроинтестинални проблеми или оние на диета со ниска содржина на FODMAP треба да бидат претпазливи во врска со присуството на растителни влакна и фруктани. Бригман, исто така, предупредува за содржината на оксалати во бамјата, што може да го зголеми ризикот од камења во бубрезите.