Вознемирувачки факти за газираните пијалаци: Слатки и со меурчиња, создаваат сериозни здравствени проблеми

Фото: Pexels
250

Доколку сте љубител на газирани пијалаци, време е да намалите со нив бидејќи здравствените последици се долгорочни и неповратни. Ако мислите дека повремено уживање во газирани пијалаци не може да му наштети на вашето тело, студија од 2015 година покажала дека пиењето газирани пијалаци во траење од само две недели може да го зголеми ризикот од срцеви болести.

Газираните пијалаци се вистински непријатели на здравјето. Тие „удираат“ во различни области истовремено, а ако ги пиете прекумерно, порано или подоцна ќе го почувствувате тоа на вашето тело.

Една неодамнешна студија покажала дека луѓето кои консумираат барем едeн газиран пијалак секој ден имаат поголем ризик од мозочен удар од луѓето кои воопшто не пијат газирани сокови.

Газираните пијалаци се полни со шеќер и непотребни калории, а нивното прекумерно консумирање може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да предизвика воспаление и отпорност на инсулин.

Овие пијалаци се и главната причина за бројни гастро-езофагеални болести, а некои од нив се рефлукс и чир. Газираните пијалаци содржат и вештачки бои и хемикалии, па не е чудно што се тие една од причините за рак.

Еве поопширно за некои од најлошите последици од конзумирањето газирани пијалаци:

Го зголемуваат ризикот од рак

Токсичната хемикалија 4-метилимидазол (4-MEI) настанува при создавање на вештачка боја на карамел која се наоѓа во многу газирани сокови. Студија од 2014 година од Consumer Reports и Џон Хопкинс Центарот за животна иднина покажала дека 4-MEI може да се најде во различни нивоа во 110 примероци од безалкохолни и диетални пијалаци.

Голтањето на оваа токсична хемикалија може да го зголеми ризикот од развој на рак, вели истражувачкиот тим. Можеби треба да пиете премногу вакви пијалаци на дневно ниво за да доживеете какви било здравствени проблеми предизвикани од ова соединение, но нели е доволно и тоа што знаете дека доброволно ги внесувате овие супстанции?

Може да го зголеми ризикот од рак на панкреасот

Газираните пијалаци се поврзани со зголемен ризик од развој на рак на панкреасот, според студијата од Сингапур објавена во списанието Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention. Научниците го припишуваат порастот на случаите на рак на високите нивоа на шеќер, кои го зголемуваат инсулинот и го поттикнуваат растот на клетките на ракот.

Може да го зголеми ризикот од мозочен удар

Студијата објавена во списанието Stroke – која проучувала 2.888 луѓе во текот на десет години и ги следела поради мозочен удар и деменција – извести дека оние кои пијат барем еден газиран пијалак дневно ги зголемиле шансите за која било болест три пати.

Може да ја уништи забната глеѓ

Ако некогаш сте виделе фотографии од зависници кои долго време користат метамфетамини, речиси универзален атрибут се сериозно оштетените и расипани заби. Истражувањето објавено од Академијата за општа стоматологија открило дека лимонската киселина од газираните пијалаци може на сличен начин да влијае на забната глеѓ, што доведува до ерозија и распаѓање.

Може да предизвика лош холестерол

Затнатите крвни садови може да бидат уште една причина за избегнување газирани пијалаци, бидејќи студијата од 2015 година која ја спровела The ​​American Journal of Clinical Nutrition покажала дека испитаниците кои консумирале пијалаци со ниски, средни и високи количини на сируп од пченка со висока фруктоза за само две недели имале покачени нивоа на ЛДЛ или „лош“ холестерол. Ова покажува директна врска помеѓу додадените шеќери во пијалаците и факторите на ризик за развој на кардиоваскуларни болести.

Зависност од шеќер

Кога сте под стрес и уморни, сакате да посегнете по слатка и богата храна, па затоа многу луѓе уживаат во газирани пијалаци. Според истражувањето во The Journal of Endocrinology & Metabolism, пиењето пијалаци полни со шеќер, како газираните, може да помогне во ублажување на стресот со затапување на кортизолот, хормон на стрес. Поради емоционалниот одговор што ви го дава шеќерот, ве наведува да консумирате уште повеќе слатки работи.

Создава сало во пределот на стомакот

Дали сте загрижени за дебелеењето во пределот на стомакот како што стареете? Тогаш можеби ќе сакате да избегнете консумирање диетални газирани сокови. Според студијата на Journal of American Geriatrics Society, спроведена на речиси 1.000 возрасни лица на возраст од 65 и повеќе години, откриено е дека оние кои секојдневно пиеле диетални газирани сокови имале обем на половината речиси три сантиметри поголем од оние кои не пиеле такви пијалаци.

Може да го зголеми крвниот притисок

Хипертензијата или високиот крвен притисок е еден од најсигурните знаци за поголем проблем со вашиот кардиоваскуларен систем. Студијата од 2012 година од Journal of General Internal Medicine, која опфатила над 150.000 луѓе, открила дека пиењето зашеќерени пијалаци како безалкохолните пијалаци кои содржат сируп од пченка со висока фруктоза е поврзано со поголем ризик од висок крвен притисок.

Може да им наштети на бубрезите

Вашите бубрези се важни за филтрирање на сите токсини кои се акумулираат во вашето тело во текот на денот, но ако редовно пиете газиран пијалак, нивното функционирање може да биде загрозено, според студијата на Медицинскиот факултет на Харвард од 2011 година.

Истражувачите прегледале податоци за повеќе од 3.000 жени во текот на 11 години и откриле дека исхраната богата со натриум, која вообичаено се поврзува со пиење вештачки засладени пијалаци, како што се диеталните газирани пијалаци, може да доведе до намалена функција на бубрезите.

Може да ја намали плодноста

Ако планирате наскоро да имате деца, би било паметно да избегнувате да консумирате газирани пијалаци некое време, вели студијата од 2018 година објавена во списанието Epidemiology. Истражувачите анкетирале речиси 5.000 парови и откриле дека само пиење на еден или повеќе засладени пијалаци секој ден доведува до помали шанси за забременување.

Побрзо стареење

Ако редовно пиете безалкохолни газирани пијалаци, ова влијае на вашето здравје, но и на вашиот изглед. Истражувањата покажале дека исхраната богата со шеќер може да биде виновникот за предвременото стареење на кожата и појавата на брчки.

Зголемување на телесната тежина Студијата од 2017 година презентирана на годишниот состанок на Ендокриното здружение известила дека конзумирањето на сукралоза – еден од најпопуларните вештачки засладувачи што се користат во газираните пијалаци – може да ги активира гените што произведуваат маснотии.

Мускулите можат да ослабат

Никој не сака да има послаби мускули, особено како што стареете, но колку повеќе такви пијалаци консумирате, толку побрзо би можеле да ја изгубите силата, сугерира истражување објавено во International Journal of Clinical Practice. Научниците откриле дека пиењето неколку литри газирани пијалаци дневно може негативно да влијае на нивото на калиум во телото, што доведува до хипокалемија и намалена мускулна функција.

Може да предизвика проблеми со белите дробови

Истражувачите од Универзитетот во Аделаида во Австралија ја поврзале астмата и хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) со консумирањето газирани пијалаци. Во една студија на повеќе од 15.000 луѓе, оние кои пиеле најмалку половина литар вакви пијалаци дневно имале речиси двојно поголеми шанси да развијат белодробни заболувања.

Пократок животен век

Обично не ги поврзувате газираните пијалаци со рана смрт, но една студија од 2013 година презентирана на состанокот на Американското здружение за срце припишува речиси 180.000 смртни случаи годишно на пијалаците засладени со шеќер.

Послаби коски

Силните и здрави коски се клучни како што стареете, бидејќи падовите и последователните фрактури можат да станат почести. Добивањето многу витамин Д и калциум може да помогне да се спречи губење на коскената маса, но пиењето многу газирани пијалаци е добар начин да се ослабне вашиот скелет, според студијата објавена во American Journal of Clinical Nutrition.

Исто така, откриено е дека жените кои пијат газирани пијалаци имаат послаби коски на колковите.

Брзо почнуваат да имаат негативен ефект врз вашето тело

Ако мислите дека повремено уживање во газирани пијалаци не може да му наштети на вашето тело, студија од 2015 година објавена во American Journal of Clinical Nutrition може да ве убеди во спротивното. Покажала дека пиењето газирани пијалаци во траење од само две недели може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести, пишува Eat This, Not That.