За 1 недела јадеме 1 чешел или платежна картичка, за 1 месец – цела закачалка

Фото: Freepik
52

Овие податоци за тоа колку пластика внесуваме во организмот не се новина. До нив пред 5-6 години дојде меѓународната организација World Wildlife Fund. Најмногу ја внесуваме преку: морски плодови, вакумирана храна, сол, овошје и зеленчук, водата од чешма, пластичната амбалажа за храна и пијалаци (дури и бебешките шишенца за млеко), преку облеката, играчките, како и преку козметички производи.

Дали се сеќавате на оние бројки за тоа колку пластика просечно внесува секој од нас преку храната, водата, воздухот? Да се потсетиме, станува збор за пет грама пластика секоја недела што е отприлика, околу 20 грама месечно или малку повеќе од 250 грама годишно или преку 100.000 микропластика во текот на една година. Фигуративно кажано, тоа би било како да јадеме една платежна картичка, еден чешел или едно пластично пенкало неделно, по една пластична закачалка месечно. А најмногу ја внесуваме пластиката преку: морска храна, вакумирана храна, сол, овошје и зеленчук, водата што ја пиеме од чешма, пластичната амбалажа во која чуваме храна и пијалаци, облека, разни пластични играчки, како и козметички производи, а особено лак за нокти.

Податоците доаѓаат од меѓународната организација World Wildlife Fund.

Од организацијата се надеваа дека кампањата ќе ги шокира луѓето, компаниите и владите и ќе ги поттикне да превземат конкретни акции.

„Ако не сакаме пластика во нашите тела, тогаш мора да ги запреме милионите тони пластичен отпад кој секоја година протекува во природата. Со цел да се справиме со пластичната криза, потребни се итни мерки на ниво на владите, бизнисите и потрошувачите и глобален договор со глобални цели кој ќе го реши загадувањето со пластика. Пластиката не ги загадува само нашите океани и вода и го убива водниот живот – таа се наоѓа во сите нас и ние не можеме да избегнеме да конзумираме пластика,“ истакна тогаш генералниот директор на WWF, Марко Ламбертини, во соопштение по повод новата кампања.

Кампањата вклучува и посебен веб-сајт – Your Plastic Diet („Вашата пластична исхрана“), каде посетителите може да направат тест и да откријат колку пластика тие несвесно внесуваат во себе со храната. Дополнително, веб-сајтот нуди и информации за потеклото на проблемот и како тој може да биде решен.

Пластиката се распаѓа на помали пластики познати како микропластики. Пластичниот отпад и микропластиката се наоѓаат во сите делови од животната средина на нашата планета, во храната што ја јадеме, воздухот што го дишеме и водата што ја пиеме.

Бидејќи пластиката се прави од петрохемикалии добиени од фосилни горива, зголемувањето на производството на пластика за линеарна економија за еднократна употреба, исто така, придонесува за климатската криза.

Намалете ја непотребната употреба и производство на пластика.
Преминете на поодржливи опции како што се пластика за повеќекратна употреба или рециклирана пластика.
Удвојте го рециклирањето и собирањето пластика.

Поединците, бизнисите и владата треба да се здружат за да го овозможат ова“, порачуваат оттаму.

Микропластиката е тригер за болести како рак, астма, дијабетес, неплодност

Микропластиката е предизвикувач за бројни сериозни болести како што се рак, астма, дијабетес, неплодност. Покрај тоа, таа може да предизвика промени во цревниот микробиом, што резултира со нерамнотежа помеѓу корисните и штетните бактерии.

Покрај тоа, наодите предупредуваат дека проблемот со загадувањето со пластика е универзален и директно влијае на луѓето.

„Годишно се произведуваат над 400 милиони метрички тони пластика, од кои голем дел завршува на депонии и во водни екосистеми. Со текот на времето, пластиката влегува во храната и водата што ја консумираме и го наоѓа својот пат до многу телесни ткива, вклучувајќи ги нашите мозоци, репродуктивни органи и кардиоваскуларни системи“, објавува CNN.

Нашите домови се полни со пластични садови за храна и вода. Добро позната хемикалија што се користи во производството на пластика е BPA, или Бисфенол А. Пред неколку години, Данска стана првата европска земја што ја забрани BPA во пакувањата за храна и пијалаци наменети за деца под три години.

Кога станува збор за ефектите врз респираторниот систем, микропластиката може да предизвика оксидативен стрес во дишните патишта и белите дробови кога се вдишува, придружена со кашлање, кивање и тешкотии при дишење поради воспаление и оштетување. Тие исто така можат да доведат до замор и вртоглавица поради ниски нивоа на кислород во крвта. Неодамнешните истражувања покажале врска помеѓу нанопластиката и митохондријалното оштетување во човечките респираторни клетки. Микропластиката може да функционира како носител на други токсини од загадувачите на животната средина, зголемувајќи го ризикот од развој на хронична опструктивна белодробна болест.

Во пластичните производисе идентификувани повеќе од 4.000 хемикалии

Иако некои пластични садови за храна не се погодни за загревање во микробранова печка, многумина ги користат. Ваквите садови може да се стопат и да се оштетат ако се изложени на топлина. Покрај тоа, штетните хемикалии можат да влезат во нашата храна ако ја загреваме во пластичен сад што не е наменет за микробранова печка. Промената на бојата на садот може да сигнализира дека се случила хемиска промена во пластиката.

Ендокрините нарушувачи од пластиката како што се бисфенол А (BPA) и фталатите можат да го нарушат хормоналниот систем. Исто така, застрашувачки е извештајот објавен во списанието Environmental Science & Technology во кој се идентификувани повеќе од 4.000 хемикалии што се користат во пластичните производи, од кои многу се класифицирани како опасни за здравјето на луѓето.

Меѓународното здружение за заштита на храната, исто така, истакнува дека некои пластични садови за храна не се лесни за миење или имаат тешко достапни делови. Затоа тие стануваат површини што се погодни за раст на бактерии. Бактериите можат да ја контаминираат храната, зголемувајќи го ризикот од гастроинтестинални заболувања и труење со храна.

Изложувањето на пластични садови на високи температури, како што се врела вода или машина за миење садови, исто така може да предизвика потенцијално опасни хемикалии од пластиката да навлезат во храната. Ова ја вклучува и претходно споменатата хемикалија БПА.