За и против автофагијата: Како и дали може да ви го подобри здравјето?

Фото: Unsplash
570

Истражувајќи ги сите предности и недостатоци на автофагијата, заклучуваме дека е многу важно добро да размислиме, да ги анализираме нашите дневни обврски и да видиме дали навистина ќе можеме да практикуваме автофагија на вистински начин. Треба да знаете дека секој организам е различен и дека секој треба да се консултира со нутриционист пред овој чекор.

Колку и да се трудиме да се храниме здраво, со брзиот проток на информации, често дознаваме различни мислења за тоа што е всушност здраво, па затоа честопати имаме дилеми – Дали навистина се храниме здраво и на вистински начин?

Една теорија за здрава исхрана што е сè уште многу дискутабилна, околу која има многу полемики и се спротивставуваат мислењата на најистакнатите експерти, секако е автофагијата.

Иако овој начин на јадење беше поддржан од многу спортисти, тој беше и критикуван. Многу експерти кои го поддржуваат традиционалниот, докажан начин на исхрана, се многу скептични во однос на автофагијата. Тие веруваат дека е многу важно да има континуитет и умереност во текот на целиот ден кога станува збор за внесувањето храна. Како голема мана на автофагијата, тие наведуваат дека луѓето по 16 часа гладување не можат да контролираат што и колку ќе јадат, па затоа често се јавува прејадување и ефектот станува токму спротивен. Покрај тоа, луѓето кои работат цел ден веројатно нема да можат да имаат два оброка во тие осум часа, па затоа често доаѓа до прескокнување на уште еден оброк, што може да доведе до исцрпеност и неправилна исхрана.

Самиот збор автофагија доаѓа од грчкиот јазик и е составен од два збора: „авто“ и „фагеин“, што значи „самојадење“. Всушност, автофагијата е природен процес во телото што се јавува по 16 часа гладување, односно престанок на внесување на храна, по што организмот самиот почнува да ги „јаде“ и да ги разградува оштетените делови на клетките. Според авторот на тоа откритие, јапонскиот биолог Јошинори Осуми, автофагијата ги отстранува сите стари, оштетени, па дури и канцерогени клетки, што го штити организмот од болести и прекумерна тежина.

Осуми за ова откритие ја доби Нобеловата награда за медицина во 2016 година.

Иако самиот процес е откриен во 60-тите години на минатиот век, истражувањето на Осуми од 80-тите и 90-тите години на минатиот век покажа дека автофагијата игра клучна улога во заштитата од стареење, воспалителни процеси, деменција и Паркинсонова болест.

Фантастичната вест е дека за време на процесот на автофагија, клетките ги уништуваат бактериите и вирусите, кои потоа се елиминираат од телото.

Клетките се чистат и се регенерираат

Процесот на автофагија е карактеристичен за сите живи суштества, не само за луѓето. Тоа е одличен начин телото да се ослободи од токсините во клетките, како и од вишокот и нездрави клетки.

Нашите клетки имаат длабоко вкоренета интелигенција.

Слично на начинот на кој ние самите се ослободуваме од отпадот од домаќинството, така и нашите клетки во телото го прават истото, автоматски.

Имено, тие го пакуваат и складираат она што го сметаат за отпад во посебни „вреќи“, т.н автофагозоми, а потоа го преместуваат во посебни „контејнери“ наречени лизозоми, каде што овој отпаден материјал се вари и се разложува.

Со помош на лизозомите, протеинските структури се разложуваат на аминокиселини, кои потоа телото ги користи за да создаде и изгради нови, здрави клетки.

Ова рециклирање во клетките е од клучно значење за нашето целокупно здравје.

Благодарение на автофагијата, нашето тело се ослободува од воспалителни процеси и од опасните токсини кои инаку би можеле да доведат до сериозни болести.

Како можете сами да го стимулирате процесот на автофагија

  1. Пост или воздржување од храна

За процесот на автофагија потребно е одредено време да се пости или да се воздржува од храна.

Тој пост треба да трае најмалку 12 часа, а уште подобро ако го продолжите тоа време на 24 часа или повеќе.

На пример, ако последниот оброк сте го имале во 16 часот, а следниот ден сте појадувале во 7 часот наутро, тоа значи дека сте постеле 15 часа.

Практикувајте го ова што е можно почесто или воведете 24-часовен пост еднаш неделно.

На овој начин ќе дозволите вашите клетки да се чистат, обновуваат и регенерираат, а вашиот организам да се одмори и да се наполни со енергија.

Бидејќи клетките го користат разградувањето на разни отпадни материјали како гориво, не мора да се грижите дали ќе останете без енергија за време на постот. Токму спротивното. Ќе забележите зголемување на енергијата, поголема ментална јасност и сила на духот.

Секогаш кога практикувате пост, односно кога не јадете одреден период, му дозволувате на вашето тело да се ревитализира и да се подмлади.

Приврзаниците на автофагијата велат дека на овој начин не само што се заштитувате од хронични болести, туку и си го продолжувате животот.

Поради бројните придобивки не само за телото, туку и за духот, постот често се практикува за религиозни и духовни цели. Интересно е и тоа што го практикуваат и исклучително виталните луѓе кои живеат во т.н сини зони во светот.

Жителите на грчкиот остров Икарија, кои се меѓу најдолговечните, постат дури 150 дена во годината!

  1. Вежбање и температурни шокови

Покрај постот, процесот на автофагија се активира и со вежбање, како и со изложување на телото на температурни шокови.

Нашите претци, на пример, често постеле поради недостаток на храна, во исто време напорно работеле физички и биле изложени на екстремен студ или топлина.

Токму ваквиот начин на живот дополнително го поттикнува природниот процес на автофагија, на кој тие биле многу повеќе изложени од нас денес.

Заедно со постот и вежбањето, задолжително туширајте се со топла и ладна вода наизменично или капете се во ладна вода. А тој шок и позитивен стрес ќе поттикнат самообновување и регенерација на вашиот организам.

Придобивки од автофагијата:

спречува воспалителни процеси
помага при слабеење
ја подобрува функцијата на мозокот
ги обновува и подмладува клетките
го намалува ризикот од деменција и Паркинсонова болест
штити од хронични болести, како што се дијабетес и рак
го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања
ја зголемува виталноста
го продолжува животот.

Истражувајќи ги сите предности и недостатоци на автофагијата, заклучуваме дека е многу важно добро да размислиме, да ги анализираме нашите дневни обврски и да видиме дали навистина ќе можеме да практикуваме автофагија на вистински начин. Треба да знаете дека секој организам е различен и дека секој треба да се консултира со нутриционист пред овој чекор.

Ако одлучите дека автофагијата е вашиот нов начин на исхрана, многу е важно да знаете неколку важни правила за да можете навистина да го исчистите вашето тело и да ги постигнете посакуваните резултати.