За нас само Руанда е лекот! Земјата во која ќе платите казна за поседување пластична кеса

Фото: Freepik
101

Пластичните кеси се забранети во Руанда со години, а жителите мора да учествуваат во заедничко чистење еднаш месечно – или да платат парична казна…
Драстична мерка или добар потег? Што мислите вие?

Дали знаевте дека туризмот е една од индустриите кои најмногу загадуваат?

Тој претставува 8% од емисиите на стакленички гасови ширум светот.

Дополнително, извештајот за животната средина на Обединетите нации тврди дека за време на екот на сезоната, количината на морски отпад во медитеранскиот регион се зголемува до 40%.

Туризмот е важна економска гранка која носи бројни предности, но исто така има и големо влијание врз животната средина, особено преку генерирање на отпад.

Како што се зголемува бројот на туристи ширум светот, важно е да се разбере како нашето патување може негативно да влијае на животната средина и кои чекори можеме да ги преземеме за да патуваме одговорно.

Влијанието на туризмот врз животната средина

Туризмот значително ја зголемува количината на отпад во туристичките дестинации.

Отпадот може да биде разновиден – од пластика, хартија, храна до козметика.

На пример, употребата на пластика за еднократна употреба, како што се сламки, кеси и амбалажи за храна значително ја зголемува количината на отпад што завршува во морињата и природните средини, со што се загрозува морскиот живот и екосистемите.

Честопати се среќаваме со проблеми како што се неодговорно отстранување на отпадот, недостаток на рециклирање и голем јаглероден отпечаток поради патување со авиони или други транспортни средства кои користат фосилни горива.

Пример за добра практика: Руанда во борбата против пластиката

Руанда е светол пример на африканскиот континент, бидејќи веќе во 2008 година вовеле национална забрана за пластични кеси, која го покрива нивното производство, употреба, увоз и продажба.

Носењето најлонска кеса за еднократна употреба почнало да се казнува со парична казна од околу 55 евра.

Патниците кои влегуваат во Руанда се соочуваат со истите ограничувања како и оние кои патуваат во Танзанија – не им е дозволено да внесуваат пластични кеси во земјата.

Руанда, исто така, спроведува „Умуганда“, заедничко чистење што се одржува во последната сабота од секој месец.

Мора да учествуваат сите на возраст од 18 до 65 години, а „ескивирањето“ се наплаќа околу 5 евра.

Ова е една од причините зошто Руанда е позната по својата чистота, особено нејзиниот главен град Кигали.

Во октомври 2019 година, Руанда стана првата африканска земја која целосно ја забрани пластиката за еднократна употреба.

Совети за одржливо патување

Со цел да се намали негативното влијание на туризмот врз животната средина, од клучно значење е да се усвојат одржливи практики за време на патувањето.

Станува збор за намалување на употребата на пластика за еднократна употреба како шишиња со вода и пластични кеси за пазарење, кои безболно може да се заменат со термоси и со платнени торби.

Рециклирањето и сепарацијата на отпадот исто така играат важна улога и нè охрабруваат да ги следиме локалните упатства за отстранување на отпадот и да учествуваме во иницијативите за рециклирање на заедницата.

Изборот на еколошки активности, како што се поддршка на туристички програми кои поттикнуваат зачувување на природните ресурси и поддршка за локалните заедници, исто така е важен.

Планирањето на патувања по одржливи рути, како што се патување со воз или автобус наместо со авион кога е можно, може значително да го намали нашиот јаглероден отпечаток, но и да обезбеди автентично искуство.

Поддршката на локалната економија преку купување на локално произведени производи и посета на локални продавници и ресторани, исто така, помага да се намали потребата за долг транспорт на производите и придонесува за одржливост на локалните заедници.

Дајте му предност на локалното

Едукацијата и подигањето на свеста за влијанието на туризмот врз животната средина е исто така клучно за промовирање на одржливи практики меѓу туристите и нè охрабрува да ги поддржуваме иницијативите за едукација за животната средина и активно да учествуваме во програмите за зачувување на природата.

Патувањето е привилегија што ни овозможува да истражуваме нови култури и пејсажи, но со таа привилегија доаѓа и одговорност кон животната средина.

Секој од нас може да придонесе за зачувување на животната средина преку свесни одлуки и практики за време на патувањето.

Намалувањето на употребата на пластика, поддршката на локалните заедници и едукацијата за еколошките прашања се клучни чекори кон поодржлива иднина за туризмот.

Со инвестирање во одржливи навики за патување, можеме да работиме заедно за да ги зачуваме природните ресурси и убавината што светот ги нуди за идните генерации.