За подобра крвна слика оваа пролет: Каша од просо против анемија

Фото: Freepik
185

Во 100 грама просо има 9 мг железо, што го вбројува во добрите намирници за превенција и лечење на анемијата.

Некои народи со векови го користат просото како лек за многу заболувања, а кај нас, за жал, е главно познато како сиромашка храна или како храна за птици.

Поради значајниот процент на железо, треба да се користи за превенција на анемијата.

Сварете го просото во два ипол пати повеќе млеко од соја.

На крајот додадете мелени бадеми, суви вишни или брусници и свежо цеден сок од портокал.