За здраво срце и против слабокрвност: Јадете просо во солена и во слатка варијанта!

Фото: Freepik
110

Има многу причини поради кои е добро да го вклучите просото во секојдневната исхрана. Препорачливо е за дијабетичари, за деца, кога сакате да ослабнете, кога сте слабокрвни…Ние го имаме основниот рецепт за подготовка на каша од просо, а имате безброј варијанти да ја направите во солена и во слатка варијанта

Некои народи со векови го користат просото како лек за многу заболувања, а кај нас, за жал, е главно познато како храна за сиромашни или како храна за птици.

Просото е вид на намирница која може да се користи во солени јадења, но и во десерти. Во зависност од тоа како се спрема, може да биде меко, но и крцкаво. Тоа е добар избор на храна за дијабетичари.

Просото како лек за дијабетес

Познато е дека не содржи глутен, а освен тоа, го регулира нивото на шеќер во крвта, а влијае и на многу други заболувања. Траењето на терапијата за лекување на дијабетес е 20 дена.

Кашата се спрема од просо, вода и свежа тиква.

Потребно е да се свари 250 г излупено просо во 1 л вода, а кога просото ќе омекне, додадете 20 грама свежа тиква која претходно ќе ја изрендате. Сето тоа заедно треба да се вари уште 20 минути, на послаб оган. На крајот може да се додаде малку масло и сол по желба.

За здраво срце

Ако сакате да имате здраво срце оваа житарка е идеално решение за вас. Содржи многу магнезиум и само една шолја просо дневно ќе подобри многу работи во вашиот организам, помеѓу другото, и редовната работа на срцето. Тоа се само некои од причините зошто би требало да го внесете во секојдневната исхрана.

Оваа житарка ја намалува и можноста за астматични напади и ја намалува појавата на мигрени.

Основен рецепт за подготвување на каша од просо:

Прво измијте го просото и исцедете го. Во тенџере со средна големина ставете две ипол чаши вода, а кога ќе зоврие ставете една чаша просо.

Варете на слаба температура 15 минути, а потоа трнете го од оган и оставете го да стои во покриен сад уште 20 минути.

Можете да додадете и малку маслиново масло, како и некои зачини.

Ако сакате малку помека каша, потребно е да додадете малку повеќе вода и да го готвите малку подолго, па дури и до 45 минути. Ако сакате да биде покрцкаво, пропржете го пред да го сварите. Можете да го пржите во сува тава околу 3 минути. Потоа додадете вода и поклопете го. Подоцна просото можете да го додадете и во разни салати, во зеленчук, а можете да го подготвите и следниот ден за појадок со млеко, мед и цимет.

Просото го намалува и ризикот од астма кај децата

Со помош на истражувања е докажано дека целите зрна просо го намалуваат ризикот од појава на астма кај децата. Направени се истражувања во врска со исхраната и докажано е дека оние кои консумираат просо, во повеќето случаи немаат симптоми на астма ниту било какви други слични симптоми.

Просо за бубрезите

Една од најдобрите намирници за чистење на бубрезите, но и кај појава на камен или песок во бубрезите. Кај уринарните инфекции има позитивно дејство и го поттикнува исфрлањето на урината. Може да се користи во облик на напиток или во облик на каша.

Ставете 200 г просо во поголема тегла (3 литри) и во неа ставете сварена вода до 2/3 од теглата. Оставете ја да стои во текот на ноќта, а утрото ќе се создаде бледа течност, која ќе претставува совршен лек за било кој проблем во врска со бубрезите.

Превенција на рак од дојка

Безглутенската житарка има значително влијание на превенција од рак на дојка.

На жените им се препорачува заради превенција да јадат 30 грама просо на ден. Најдобра заштита даваат цели зрна.

Против анемија

Поради значајниот процент на железо, просото треба да се користи за превенција на анемијата.

Сварете го просото во два ипол пати повеќе млеко од соја.

На крајот додадете мелени бадеми, суви вишни или брусници и свежо цеден сок од портокал.