Зачувајте го летото во тегли – направете џем од праски

Фото: Pexels
255

Уживањето во праските не е резервирано само за летните денови. Најлесен начин да го зачувате вкусот е да направите џем

Летното овошје, праските, може да се чуваат и за во зима во форма на миризлив џем.

Едноставен и ароматичен рецепт за џем од праски ќе донесе со себе летен допир секогаш кога ќе ја отворите теглата.

Состојки:

1 кг праски
500 гр кафеав шеќер (или помалку, во зависност од тоа колку се слатки праските)
1 кафена лажичка рум

1 ванилин шеќер
1 кесичка желатин
сок од половина лимон

кора од лимон

Приготвување:

Излупете ги, исчистете ги и исечете ги на парчиња праските.

Дополнително иситнете ги со миксер и ставете ги да се варат.

Кога смесата ќе зоврие, додадете шеќер (количината ја прилагодувате во зависност од слаткоста на праските) и оставете ја повторно да зоврие.
Додадете рум, ванилин шеќер, сок од лимон и кора од лимон.

На крајот желатинот растворете го во сад со 1-2 лажици млака вода, полека ставете го во џемот, мешајте и варете уште неколку минути.

Кога смесата е готова, чувајте ја во чисти тегли претходно стерилизирани во рерна, затворете и оставете да се излади.