Со правење паметни замени на намирници, само ќе му помогнете на вашето тело да се ослободи од вишокот маснотии.
Зголемениот внес на протеини е клучен за губење на тежината, а зголемувањето на внесот на храна како кравјо млеко, грчки јогурт и путер од кикиритки лесно може да придонесе за губење на тежината. Всушност, со правење паметни замени на намирници, само ќе му помогнете на вашето тело да се ослободи од вишокот маснотии.
Кравјо млеко или тофу наместо млеко од бадеми
За луѓето кои немаат здравствени проблеми при конзумирање на млечни производи, се препорачува во исхраната да го вклучат кравјото млеко, бидејќи содржи осум грама протеини по чаша. Бадемовото млеко содржи само еден грам протеини.
Размислете за користење на тофу, особено кога подготвувате шејкови, препорачува д-р Триста Бест, пренесува T порталот.
Путер од кикиритки наместо обичен путер
За разлика од класичниот путер, од кои две лажици содржат 0,2 грама протеини, путерот од кикиритки во истата количина има 7,2 грама протеини. Исто така, дава многу подолго чувство на ситост.
Урда наместо крем сирење
Наместо на кришка леб да ставите крем сирење, изберете урда која е богата со протеини. Покрај тоа, содржи малку масти и нема многу калории.
Киноа наместо ориз
Оризот е вкусен, но не е богат со протеини. Затоа киноата е многу подобра опција. Содржи протеини со сите најважни амино киселини. Затоа е најдобрата замена за оризот. Можете да го подготвите како слатка или солена варијанта, во зависност од тоа што ќе додадете, а од него можете да направите и салати.
Грчки јогурт наместо павлака
100 грама кисела павлака содржи три грама протеини, а исто толку грчки јогурт содржи дури 10,3 грама протеини. Затоа, обидете се да ги замените овие две намирници, тие се слични по текстура и вкус и не би требало да имате проблем да го додадете во преливите.