Ако не сте знаеле, пирето од карфиол е популарен прилог во Полска! Па, ако ви е преку глава од обично пире од компири, пробајте го нашиот рецепт за пире од карфиол
Ако ви е веќе малку досадно класичното пире од компири, обидете се да го замените со оваа различна зеленчукова верзија, која е екстра кремаста и полна со вкус благодарение на павлаката и чедар сирењето.
Инаку, ако не сте знаеле, пирето од карфиол е популарен прилог во Полска!
Состојки:
1 карфиол (околу 600 гр.)
15 гр путер
40 гр кисела павлака
50 гр чедар
копар за посипување
маслиново масло, за сервирање
Подготовка:
Исечете ги цветовите од карфиол и стеблото на парчиња со големина на залак.
Варете на пареа 10 минути додека целосно не омекнат.
Сварениот карфиол ставете го во сад заедно со путерот и павлаката и измешајте со рачен блендер додека не се изедначи.
Потоа измешајте го сирењето, добро зачинете, посипете со копар и додадете малку маслиново масло.