Запоставената бамја е растение на иднината: Природен ботокс и зеленчук кои прави 100 чуда за организмот!

Фото: Pixabay
5.596

Поради своите состојки, бамјата е идеална за елиминирање на стомачната бактерија Helicobacter pylori, како и за болести на желудникот и цревата, а содржи и влакна кои помагаат да се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Слузот од бамјата го врзува холестеролот и помага при хронична исцрпеност. Содржи природен ботокс од растително потекло, ги намалува мускулните контракции, ги релаксира, ги неутрализира штетните ефекти на радикалите, го спречува стареењето на кожата…

Бамја, окра, „дамски прсти“ (ladies fingers) е плод преполн со витамини и минерали, а се одгледува веќе 5000 години. Причината за неговиот опстанок и толку многу обожавање лежи во тоа што во народната медицина се споменува како растение кое го лечи и регулира шеќерот, холестеролот, работата на црниот дроб, помага при астма и стомачни проблеми. Посебно поглавје се поврзува со неговата моќ за регенерација на кожата.

Бамјата е едногодишно дрво чие одгледување датира со векови пред Христа, а податоците покажуваат дека потекнува од долината на Нил. Се користи на различни начини, варена, динстана, свежа во салата, може да се маринира, суши, меле и се користи како зачин.

Во Турција ја обожаваат, во Босна и Херцеговина е незаменлива во приготвувањето на „беговата чорба“ и „босански лонец“, а се користи и како додаток на слатки јадења. Нејзиното сушено семе се зема и како додаток или целосна замена за кафето. Сушениот дел од плодот се користи и како чај.

Интересно е и тоа што при приготвувањето на јадењата со бамја не се потребни никакви додатоци или запршки. Имено, бамјата е позната како природен згуснувач и подобрувач на храната.

Многу жени тврдат дека бамјата има чудотворна моќ. Многумина велат и дека бамјата е растение на иднината. Во Норвешка стана исклучително популарна како храна која може на чудесен начин да го подобри здравјето. Со текот на времето, веста за ова растение се прошири низ светот, како и семето, па денес го има на сите делови на планетата.

Поради своите состојки, бамјата е медицински докажано и потврдено, идеална за елиминирање на стомачната бактерија Helicobacter pylori. Потоа за болести на желудникот и цревата, а се препорачува во разни редукциски диети за обновување на дигестивниот систем. Бамјата содржи влакна кои помагаат да се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Слузот од бамјата го врзува холестеролот и помага при хронична исцрпеност. Одличен е за премачкување на ѕидовите на желудникот и за развој на цревната фауна, бидејќи слузот од бамја го обложува желудникот, заштитувајќи го од бактерии и од зголемено лачење на желудочната киселина и го регулира варењето. Многу добро влијае на хроничната исцрпеност и депресија.

Одлична кожа
Клинички е докажано дека бамјата содржи миоксинол, хербална алтернатива на ботоксот. А исто така е посебен затоа што, за разлика од ботоксот, кој се инјектира, активните супстанци на бамјата немаат несакани ефекти. Дури и Клеопатра знаела за нејзините моќи. И обилно го користела за да ја зачува својата убавина. Бамјата содржи одредени состојки кои предизвикуваат мазност и затегнатост на кожата и ова е сензационално откритие. Содржи природен ботокс од растително потекло, ги намалува мускулните контракции, ги релаксира, ги неутрализира штетните ефекти на радикалите, го спречува стареењето на кожата.

Бамјата е полна и со витамин Ц, кој ѝ помага на кожата да остане здрава и еластична. Овој витамин се раствора во нашите ткива и ѝ помага на кожата да го задржи колагенот, како и брзо да се опорави после повреда.

Маска за лице од бамја: Земете 3-4 бамии, сварете ги и изладете ги, па испасирајте ги во пире и ставете ги на лицето пет минути. Вашата кожа ќе биде мазна и обновена.

Го подобрува имунитетот
Освен витамин Ц, бамјата содржи и магнезиум, калциум и железо, кои му помагаат на телото да се бори против вирусите и настинките.

Високото ниво на витамин Ц во бамјите се бори против настинката и го зајакнува имунитетот на целиот организам.

Ги штити бубрезите
Некое време, медицинските списанија постојано ја туркаа бамјата како зеленчук што ги штити бубрезите.

Во студијата што ја спровеле, било наведено дека „оние кои јадат бамја секој ден подобро ги регенерираат своите бубрези отколку да се придржуваат до диетална храна секој ден“.

Ги зајакнува коските
Како што веќе знаете, витаминот К помага да се апсорбира калциумот, а со тоа коските стануваат уште посилни.

Бамјата е полна со витамин К, па е одлична во борбата против остеопорозата.

Го елиминира холестеролот
Бамјата го потиснува лошиот холестерол.

Помага во прочистување на крвта и отстранување на мастите од телото.
Помага во борбата против килограмите
Бамјата има исклучително малку калории, само 18, и затоа е одлична храна кога сте на диета. Со оглед на тоа дека изобилува со витамини, таа е незаменлив прехранбен производ за време на периодот на чистење на телото.

Бидејќи содржи влакна, бамјата помага во подобрување на варењето, го регулира шеќерот во крвта, ги спречува првите симптоми на астма и е исклучително корисен зеленчук.

Затоа, следниот пат кога ќе одите на пазар, побарајте го овој зеленчук и зачувајте го како додаток во вашите оброци и направете му услуга на вашето тело!