Запознајте ги докажаните здравствени придобивки од наизменичниот пост

Фото: Freepik
206

Опсервациско истражување спроведено на 26.092 возрасни мажи во период од 16 години покажало дека временски ограниченото јадење, особено постот во вечерните часови, може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Во праисторијата, пред да научат да се занимаваат со земјоделие, луѓето биле ловци и собирачи со милениуми. Тие еволуирале за да преживеат подолги временски периоди без да јадат. Било потребно многу време и енергија за ловење дивеч и собирање јаткасти плодови и бобинки. А опасностите демнеле од сите страни!

Згора на тоа, до неодамна луѓето јадеа помалку, а повеќе се движеа.

Денешните вишок калории и недостаток на активност може да значат зголемен ризик од дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и други болести. Се поголем број научни студии покажуваат дека наизменичното постење може да помогне да се сменат овие трендови. Едноставно кажано, наизменичното постење или intermittent fasting е облик на пост во кој не јадете во одредени периоди.

Medical News Today наведува неколку од најважните здравствени придобивки од наизменичното постење кои се потврдени во студии на животни и луѓе.

  1. Подобрување на нивото на холестерол
    Истражувањата покажуваат дека наизменичното постење има потенцијал да го намали вкупниот холестерол, триглицеридите, ЛДЛ холестеролот или „лошиот“ холестерол и да го зголеми ХДЛ холестеролот или „добриот“ холестерол.

Зголемените нивоа на вкупен холестерол, ЛДЛ холестерол и триглицериди се фактори на ризик за срцеви заболувања.

  1. Контрола на нивото на шеќер во крвта
    Наизменичниот пост може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта. Ја намалува отпорноста на инсулин и ја зголемува чувствителноста на инсулин, што резултира со намалување на нивото на шеќер во крвта.

Студијата на возрасни мажи со дијабетес тип 2 покажала дека наизменичното постење може да ја намали потребата за инсулинска терапија.

  1. Промени во структурата на телото
    Промените во телесната тежина и структура се меѓу најистражуваните ефекти на интермитентното постење.

Неколку студии покажале дека наизменичното постење во период од 8 недели резултирало со просечно губење од 3% до 7% од телесната тежина. Што е најважно, ова вклучувало губење на маснотии.

Една студија покажала дека постот по шемата 14:10 може да има ефект врз факторите на ризик за метаболички синдром, вклучително и намалување на обемот на половината, процентот на телесните масти и висцералните маснотии.

Наизменичното постење на тој начин може да го ублажи метаболичкиот синдром, збир на фактори на ризик кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

  1. Други здравствени придобивки
    Преглед на студијата од 2015 година, спроведена на 2.650 возрасни жени, покажала дека намалувањето на внесот на калории навечер и постот навечер подолго време може да ги намали воспалителните процеси и ризикот од рак на дојка.

Опсервациско истражување спроведено на 26.092 возрасни мажи во период од 16 години покажало дека временски ограниченото јадење, особено постот во вечерните часови, може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Постојат некои студии кои покажуваат дека наизменичното постење може позитивно да влијае на долговечноста. Позитивно влијае на когнитивните способности и на невродегенеративни состојби како што е Паркинсоновата болест.

Исто така, постојат студии кои покажале дека наизменичното постење поттикнува автофагија, природно уништување на клетките што ги отстранува нивните непотребни или дисфункционални компоненти и овозможува разградување и рециклирање на клеточните компоненти.

Според клиниката Мајо, наизменичното постење исто така се чини дека предизвикува кетоза, процес кој се јавува кога телото нема доволно гликоза за енергија, па наместо тоа ги разградува складираните масти. Ова предизвикува зголемување на супстанциите наречени кетони. Со вкупно потрошени помалку калории, тоа може да доведе до губење на тежината.

Дополнителни совети
Бидете стрпливи.
Слушајте го вашиот биоритам и пронајдете го методот што најмногу ви одговара.
Пијте многу течности.
Вклучете физичка активност, но не претерувајте.
Наспијте се.
Намалете го стресот.
Избегнувајте грицки и брза храна.
Најадете се, но не претерувајте и не јадете неумерено,
Збунете го носот. Мирисот на храната неутрализирајте го со други мириси.
Подгответе се и поставете си цели.