Здрав, вкусен и не дебелее: Сладолед од соништата, готов за пет минути

Фото: Pexels
465

Рецепт за чоколаден и за сладолед од јагоди, одлични за целото семејство.

Кога ви се јаде нешто слатко, а не сакате да јадете купечки сладоледи полни со шеќер и калории, решението лежи во здрав домашен сладолед кој е толку вкусен што ќе го јадат дури и најпребирливите, па дури и децата. Освен тоа, нема да ѝ наштети на вашата става.

Здрав сладолед

Ако сакате сладолед, но сакате поздрава верзија, имаме две различни верзии на рецептот – чоколадна и розова! Со овој рецепт, можете да уживате во сладолед без грижа на совест. Се подготвуваат многу брзо, а вкусот е совршен!

Состојки за сладолед од чоколадо:

замрзнати банани
грчки јогурт
крем сирење
какао
мед
екстракт од ванила
Приготвување:

Првиот чекор пред да започнете со рецептот е да ја исечете бананата на помали парчиња и да ја замрзнете. Ставете ги замрзнатите банани во блендер и добро изблендирајте. Додадете грчки јогурт, една или две лажици какао, крем сирење, екстракт од ванила, мед и блендирајте сè заедно во блендер додека не се соединат сите состојки. Истурете во сад и по желба наросете со помали парчиња чоколадо одозгора. Ставете во замрзнувач. Нашиот чоколаден сладолед е готов!

Состојки за розов сладолед:

грчки јогурт
крем сирење
замрзнати јагоди
мед
екстракт од ванила
Приготвување:

Ставете ги замрзнатите јагоди во блендер и добро изблендирајте. Додадете грчки јогурт, екстракт од ванила и мед и повторно добро измешајте сè. Ставете во сад и оставете во замрзнувач.