Овие бомбици се богати со диетални влакна, добар извор на растителни протеини и се природно засладени со меки урми
Енергетските бомбици од ф’стаци се одлична ужина кога посакувате нешто благо, кога планирате тренинг или се враќате од теретана.
Тие се богати со диетални влакна, добар извор на растителни протеини и се природно засладени со меки урми.
Ако сакате да имаат изразена зелена боја, можете да додадете и лажичка мача во прав во смесата.
Состојки:
60 г ф’стаци
60 г семки од тиква
40 г рендан кокос
10 урми
2 лажици вода
1 лажичка екстракт од ванила
крем од ф’стаци за декорација
Подготовка:
Ставете ги ф’стаците и семките од тиква во блендер и смелете ги.
Додадете ги урмите без семки, кокосот, екстрактот од ванила и водата и продолжете да мешате додека состојките не се соединат. Ако смесата е премногу сува, додадете уште неколку лажици вода.
Оформете ја добиената смеса која е доволна за околу 10 бомбици. По желба, ставете им одозгора по малку крем од ф’стаци.
Чувајте ги во стаклен сад и во фрижидер.