Здрави мезиња кои не дебелеат

Фото: Freepik
2.157

Имајќи предвид дека не сакаме да се здебелиме или да јадеме нешто нездраво, најдовме неколку идеални здрави мезиња кои можете да ги подготвите на многу едноставен начин.

Без разлика колку здрав живот водиме, често се случува да сакаме да грицкаме помеѓу оброците или додека го гледаме омилениот филм. Или пак кога ќе ни дојдат гости па сакаме да им послужиме некое мезенце со пијалаците или со кафето.

Сепак, имајќи предвид дека не сакаме да се здебелиме или да јадеме нешто нездраво, најдовме неколку идеални здрави мезиња кои можете да ги подготвите на многу едноставен начин.

Во продолжение прочитајте за кои закуски станува збор.

Стапчиња од моцарела
Оваа солена закуска е идеална за сите прилики и поради вкусот и поради модерниот и интересен изглед. Сè што треба да направите е да ставите мали моцарели (или парчиња од нормална) на долги стапчиња, потоа да ги натопите во јајца и во мешавина од лен или некои други семки. Исто така, можете да ги зачините со сол и оригано и печете ги во загреана рерна 15 минути или додека не поруменат.

Краставица со хумус

Парчињата краставици со некој намаз или сос се омилена закуска на многу приврзаници на здравата кујна. Вкусот, едноставноста и свежината се некои од причините зошто многумина ја сакаат. За да ја подготвите оваа закуска, треба да ги исечете краставиците на стапчиња или на тркалца и да ги послужите со хумус или кој било друг сос што го сакате.

Здрави крекери
За да ја подготвите оваа закуска, треба да ги обезбедите следниве состојки:

200 грама печени (несолени) кикирики
60 грама семки од сончоглед
30 грама ленено семе
30 грама сусам
2 белки
2-3 лажици сол
20 мл вода
Кога ќе ги подготвите сите состојки, измешајте ги и печете 10-15 минути на 180 степени. По желба можете да додадете уште малку семки или зачини.

Печен наут
Оваа закуска е идеална за сите прилики, а може многу брзо да ве засити. Исто така лесно се подготвува во секое време.

Сè што ви треба е:

маслиново масло
зачини по желба
наут (варен)
Измешајте ги сите зачини со зрнцата наут, ставете ги во тавче, на хартија за печење и печете 20 минути во загреана рерна. По првите 10 минути, промешајте го наутот и продолжете со печењето до златно кафеава боја.