Здрави слатки и солени грицки: Еве рецепти за „ужинки“ без додадени конзерванси, засилувачи на вкус и шеќер

Фото: Pexels
2.428

Кога зборуваме за здрави грицки, мислиме на нивниот нутритивно побогат состав, квалитетни состојки, без додадени конзерванси, засилувачи на вкус и шеќер. Исто така, станува збор за грицки кои не содржат транс масни киселини штетни за нашето здравје.

Дали сте еден од оние луѓе на кои секогаш им треба нешто за грицкање или барате похранливи опции за ужина? Можеби не можете да одите без меѓуоброци, а не сакате да јадете високо преработени грицки полни со додаден шеќер и сол.

Кога зборуваме за здрави грицки, мислиме на нивниот нутритивно побогат состав, квалитетни состојки, без додадени конзерванси, засилувачи на вкус и шеќер. Исто така, станува збор за грицки кои не содржат транс масни киселини штетни за нашето здравје.

Дома можете лесно да подготвите здрави слатки и солени грицки, а ги имате сите состојки или понекогаш можете да ги набавите во специјализирани продавници за храна богата со хранливи материи. Тие ќе бидат идеални за филмските вечери, брзи закуски меѓу главните оброци, а можеби и како дел од понудата на домашни забави.

Здрави солени грицки – рецепти
Здравите солени грицки најдобро се подготвуваат во рерна, за да се избегне вишокот маснотии при пржење. Доволно е да ги печете до 15 минути, па нема да чекате долго.

Здрави грицки со семки
Овој рецепт комбинира семки и јаткасти плодови, две групи на намирници кои се класика кога станува збор за здрави солени грицки. Ќе додадеме и малку сушено овошје, но додавањето на зачините повеќе ќе ги „префрли“ на солената страна.

Состојки:
1 шолја смеса од бадеми и ореви
1 чаша различни семки
половина чаша сушени брусници
1 чаша кокосови снегулки
1 лажица маслиново масло
сол по вкус
1 лажичка лук во прав
1 лажичка пипер во прав
1 лажичка сув рузмарин.

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 175 °C.
Подгответе плех и обложете го со хартија за печење.
Во сад измешајте ги оревите, бадемите, семките, кокосовите снегулки и брусницата.
Во смесата од сувите состојки додадете маслиново масло и измешајте.
Додадете ги и преостанатите зачини и убаво измешајте.
Смесата рамномерно распоредете ја на хартијата за печење и печете 10-15 минути, додека не добијат боја.
Кога ќе се испечат, оставете ги да се изладат, а потоа исечете ги или искршете ги.

Здрави солени крекери
Домашните крекери се одличен додаток со тврдите сирења како предјадење кога сакате да ги изненадите гостите, но и одличен избор за солена верзија на појадок со сирење и јајца.

Состојки:
1 чаша спелтино брашно
1/4 чаша ленено семе
1/4 чаша семки од сончоглед
1/4 чаша сусам
половина лажичка сол
половина лажичка кромид во прав
половина лажичка црн пипер
2 лажички маслиново масло
1/4 чаша вода.

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 °C.
Во еден сад измешајте го спелтиното брашно, сите семки и зачини.
Додадете масло и вода, соединете и додадете уште вода доколку е потребно.
Подгответе чиста површина, набрашнете ја и префрлете го тестото врз неа.
Расукајте го тестото до дебелина типична за крекерите.
Подгответе плех и обложете го со хартија, а потоа префрлете ги крекерите во него.
Печете ги околу 12-15 минути.
Кога ќе се испечат, оставете ги да се изладат и чувајте ги во херметички сад.

Солени грицки со малку калории
Ако сакате да направите солени грицки кои се нискокалорични, тогаш многу семки и јаткасти плодови не е добра идеја, бидејќи овие групи на намирници се калорични, без оглед на нивниот одличен нутритивен состав.

Некои јаткасти плодови содржат повеќе калории во споредба со иста количина на некои слатки.

Иако намирниците се богати со хранливи материи, тоа не мора да значи дека имаат помалку калории.
Сепак, добра опција за солени грицки со малку калории е намирница како урдата.

Состојки:
1 шолја интегрално брашно
1 чаша урда
1/4 чаша маслиново масло
1/4 чаша растително млеко
1 лажичка прашок за пециво
половина лажичка сол
половина лажичка мешавина од медитерански зачини
1/4 чаша рендан пармезан.

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 °C.
Покријте го садот за печење со хартија за печење.
Измешајте ги сите состојки и додајте уште млеко доколку е потребно.
Добиеното тесто развлечете го на набрашнета површина, а потоа исечете го во посакуваната форма.
Префрлете ги во плех и печете до 15 минути или додека не добие кафена боја.
Кога ќе се испече, оставете го да се излади и чувајте го во херметички сад.

Здрави слатки закуски
За оние кои се по благото, има повеќе хранливо богати слатки закуски. Некои од состојките кои можете сами да ги изберете, па дури и да ги комбинирате се:

сушено овошје
цимет
темно чоколадо
мед или јаворов сируп
овесни снегулки
путер од јатки
јаткасто овошје.

Ладни слатки закуски
Овој рецепт со кокос и чоколадо, идеален е за оние кои сакаат сладолед или ладни слатки закуски.

Состојки:
1 шолја кокосово брашно
1/4 чаша кокосово масло
околу 2 лажици мед
половина лажичка екстракт од ванила
прстофат сол
150 гр темно чоколадо.

Приготвување:
Измешајте ги сите состојки освен темното чоколадо.
Потоа обликувајте ја смесата во топчиња и оставете ги во замрзнувач околу еден час.
Растопете го темното чоколадо.
Откако ќе се стврднат топчињата во замрзнувачот, потопете ги во чоколадо од сите страни.
Вратете ги во замрзнувач додека чоколадото не се стврдне.

Здрави закуски за слабеење
За оние кои се во процес на слабеење, еве рецепт за здрави слатки грицки од замрзнувачот. Ништо не е забрането, внимавајте на количината, а оваа ужина ќе биде и одличен меѓуоброк доколку премногу огладнете.

Состојки:
1 чаша обичен или грчки јогурт
1 шолја боровинки
1/4 чаша сечкано темно чоколадо
1 лажичка мед
неколку сечкани бадеми.

Приготвување:
Измешајте ги сите состојки.
Обликувајте рамни грицки со лажица.
Ставете ги во замрзнувач два часа.