Полифенолите од зелениот чај се добра заштита од сончеви изгореници, дури и во случаи кога изгорениците веќе ја зафатиле кожата.
Полифенолите од зелениот чај ги штитат клетките од сонцето. Без оглед на тоа дали ги нанесувате на кожата или ги пиете, тие го спречуваат развојот на рак на кожата.
Зелен чај
Лекувањето на кожата со зелен чај предизвикува дозирано намалување на црвенилото на кожата предизвикано од ултравиолетовото зрачење.
Исто така, го намалува оштетувањето на ДНК и клетките во кожата.
Се препорачува исхрана богата со овошје и зеленчук, бидејќи тие содржат многу витамини, минерали и секундарни растителни соединенија кои ја штитат кожата од рак и предвремено стареење.
Исто така е важно да пиете доволно течности за да спречите сушење на кожата.
Дури и ако се случи да добиете лоши изгореници од сонце, правилната исхрана може да помогне: цинкот го намалува воспалението и го забрзува заздравувањето. Помага побрзо да се залечи црвенилото, а како компонента на бројни ензимски системи, е потребен за обновување и заздравување на клетките, според научниците од Германскиот институт за нутритивна медицина и диететика во Бад Ахен.
Добри извори, се вели во соопштението, се месото, јајцата и млекото, мешунките, јаткастите плодови, бидејќи тие го врзуваат цинкот за аминокиселината хистидин.
Мача
Мачата е фино мелен прав од зелен чај, специјално обработен од листови од чај одгледувани во сенка. Одгледувањето во сенка ѝ дава на мачата карактеристична светло зелена боја и силен вкус.
Таа е популарна бидејќи е богата со L-теанин, непротеинска аминокиселина со моќни својства за ублажување на стресот.
Мачата е подобар извор на оваа аминокиселина од другите видови зелен чај, бидејќи е направена од листови од зелен чај одгледувани во сенка. Овој процес ја зголемува содржината на одредени соединенија, вклучувајќи го и L-теанинот.