Зелено смути за забрзување на метаболизмот и на телото оптоварено со маснотии

Фото: Pexels
922

Помешајте ги сите овие состојки и ќе добиете моќен домашен напиток кој ќе го забрза метаболизмот.

Метаболизмот е процес во кој калориите што ги внесувате со храната се претвораат во енергија, која е неопходна за одржување на сите животни функции и за се што правите; движење, размислување, дишење, раст…

Стимулирајте го метаболизмот со овој фин зелен напиток кој лесно се подготвува и може да го замени оброкот или меѓуоброците. Ќе ве засити, а високата доза на протеини од млечните масти ќе го започне согорувањето на калориите и мастите во организмот.

Наспијте се малку. Спиењето е основа на рамнотежата на вашиот метаболизам. Кога сте лишени од сон, вашиот метаболизам се забавува, па станувате гладни и посегнувате по јаглехидрати, слатка или мрсна храна за да имате енергија, што ве враќа на почеток.

Еве како да го направите овој напиток за да го забрзате метаболизмот
Потребни состојки:

1 шолја листови спанаќ
½ шолја свежа краставица (ако е органски одгледана, не мора да се излупи)
1 стебленце целер
½ банана
½ чаша ананас
170 грама грчки јогурт со малку маснотии
½ чаша вода
4 коцки мраз

Приготвување:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете густа и кремаста зелена смеса која сигурно ќе го забрза вашиот забавен метаболизам. Послужете ладно. Оваа порција содржи околу 220 калории, 21 грам протеини и 5 грама шеќер.

Чаеви за забрзување на метаболизмот

Зелен чај
Зелениот чај е еден од најпопуларните видови чај и е поврзан со различни здравствени придобивки. Тој е исто така еден од најефикасните чаеви кога станува збор за слабеење. Тоа е затоа што екстрактот од зелен чај е богат со катехин, природен антиоксидант кој може да го подобри метаболизмот.

Мача чај
Многу моќен чај за забрзување на метаболизмот кој може да стопи килограми бидејќи содржи доволно антиоксиданти кои можат да помогнат да се исфрлат токсините од телото.

Храна за забрзување на метаболизмот
Внесете ја оваа храна во вашата секојдневна исхрана и ќе видите како вашето тело почнува да согорува масти.

Најдобрата храна за забрзување на метаболизмот е: грејпфрут, чили, лук, алги, овес, бадеми, мисирка, говедско и пилешко, шпароги, краставица, лимон, спанаќ…