Зимски деликатес

Фото: Pexels
137

Ви претставуваме одличен рецепт за варено вино, бидејќи празниците не можат да поминат без овој ароматичен пијалaк!

Еден од оние топли напитоци кои се омилени за време на студените зимски денови.

Вареното вино е неверојатно лесно за правење и го исполнува вашиот дом со празничен мирис.

Состојки:

750 мл црно вино

150 г шеќер

100 мл свежо исцеден сок од портокал

Кора од 1 лимон

Кора од 1 портокал

1 ѕвездест анис

1 стапче цимет

5 каранфилчиња

1 лажичка морско оревче

Ѓумбир во прав

Приготвување:

Ставете ги шеќерот, зачините и корите од лимон и портокал во тенџере, прелејте одозгора дел од виното колку да се стопи шеќерот, па се заедно варете на умерена температура околу 4-5 минути додека смесата не стане леплива и густа.

Додадете го остатокот од виното и намалете ја температурата на најниска.

Виното не би смеело да проврие затоа што во тој случај ќе испари целиот алкохол.

Нека остане уште пет минути, а потоа извадете ги анисот и каранфилчињата и послужете со свежи кришки портокал.