Зошто е добар кимот, особено откако ќе се прејадете?

Фото: Pexels
397

Го подобрува варењето, богат е со железо, може да помогне во подобрување на контролата на шеќерот во крвта, може да го подобри нивото на холестерол, помага при слабеење, го намалува ризикот од болести кои се пренесуваат преку храна…

Кимот е зачин кој се добива од семето на растението Cuminum cyminum. Овој интересен додаток на јадењата има карактеристичен вкус, а се употребува при подготовка на јадења карактеристични за медитеранскиот регион и југозападна Азија. Покрај тоа, позната е и неговата долгогодишна употреба во традиционалната медицина.

Бројни научни студии потврдија некои од познатите здравствени придобивки од кимот, како што се одржување на здраво варење и намалување на инфекциите што се пренесуваат преку храна. Подолу е листа на сите придобивки од кимот кои се потврдени од науката.

Го подобрува варењето – истражувањата покажаа дека кимот може да помогне во забрзувањето на варењето, а еден од начините на кои го прави тоа е со зголемување на ослободувањето на дигестивните ензими. Дополнително, се покажа дека кимот ги намалува симптомите на синдромот на нервозно дебело црево.
Богат е со железо – семките од ким се природно богати со железо. Само една лажичка мелен ким содржи 1,4 мг железо.
Содржи корисни растителни состојки – кимот содржи многу растителни состојки како терпени, феноли и флавоноиди, кои се познати по своите антиоксидантни ефекти.
Може да помогне во борбата против дијабетесот – иако механизмот на неговото дејство и потребната доза за благотворно дејство не се целосно јасни, се покажа дека кимот во форма на додатоци во исхраната може да помогне во подобрување на контролата на шеќерот во крвта.
Може да го подобри нивото на холестерол – истражувањата покажуваат дека кимот како додаток во исхраната може да го подобри нивото на холестерол во крвта. Сепак, во моментов нема докази за да се потврди дали истиот ефект се постигнува со користење на ким како зачин.
Може да помогне при слабеење – концентрираниот ким во форма на додатоци во исхраната може да го поттикне слабеењето, покажаа резултатите од неколку студии.
Може да го намали ризикот од болести кои се пренесуваат преку храна – кимот може да ги намали инфекциите предизвикани од бактерии и габи, поради што често се користи во традиционалната медицина за болести кои се пренесуваат преку храна.