Боранијата која спаѓa во можеби најнеомилените јадења, а самиот збор се употребува и кога треба да се опише колку е некој или нешто неважно, е всушност многу важна намирница со фантастични здравствени придобивки.
Вистинска реткост е да слушнете од некого дека обожува боранија. Гравот си има љубители, ама боранијата е речиси за жалење. Искрено, ниту јас не ја сакам направена како манџа. Ама затоа, многу ми се доапаѓа како салата.
А за да знаете што пропуштате ако не ја вклучите во исхраната, ќе ви кажеме за некои од нејзините здравствени придобивки кои се навистина изненадувачки, бидејќи овој мешункаст зеленчук може да понуди многу повеќе отколку што обично се мисли.
Боранијата е полна со антиоксиданти и есенцијални хранливи материи. Содржината на ова растение вклучува влакна, протеини, омега 3 масни киселини, калциум, железо, флавоноиди и каротеноиди. Како таквa, боранијата има бројни придобивки за нашето тело и ум.
Откриено е дека боранијата, како и другите мешунки, помага во контролата на дијабетесот со регулирање на нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажаа дека овој вид на растение има хипогликемичен ефект врз пациентите со дијабетес. Ова е големо откритие, бидејќи во минатото беше тешко да се најдат природни регулатори на дијабетисот.
Калциумот е скоро бескорисен во однос на коските, ако не се најде во комбинација со витамин К. Нашето тело не може да произведува протеини кои им овозможуваат на коските да прифаќаат и да користат калциум без овој витамин. Покрај тоа, витаминот К ја минимизира загубата на минерали управувајќи со метаболизмот на коските. Шолја боранија содржи скоро 20 проценти од препорачаната дневна доза на витамин К.
Неколку студии ја поврзаа консумацијата на боранија со спречување на полипи на дебелото црево. За овие полипи се знае дека доведуваат до рак. Студиите исто така покажаа дека зголемувањето на внесот на овој мешункаст зеленчук ги намалува шансите за карцином на дебелото црево, како и повторна појава на аденоми. Оваа билка богата со влакна помага да се одржи нашиот дигестивен систем правилен, што го намалува притисокот врз цревниот тракт. Се покажа дека неговите корисни својства се ефикасни во спречување на рак на дебелото црево и други дигестивни карциноми.
Една од главните предности на боранијата е високо ниво на антиоксиданти. Мешунките се полни со каротеноиди и флавоноиди. Од каротеноидите, присутни се лутеин и бета-каротен, додека флавоноидите кои се наоѓаат во боранијата се катехин, епикатехин, каемферол и кверцетин. Предностите на овие антиоксиданти ја вклучуваат нивната способност да ја намалат можноста за мозочен удар, како и борбата против слободните радикали кои доведуваат до бројни болести.
Каротеноидите зеаксантин и лутеин пак, кои ги содржи боранијата се корисни за нашиот вид. Тие работат заедно за да ги намалат шансите за дегенерација на макулата. Со задоволително ниво на каротеноиди во нашето тело, се спречува влошувањето на видот со намалување на стресот на внатрешното око додека се штити целокупната функција на видот и очите.
И како што веќе споменавме, боранијата е богата со растителни влакна, што значително ја намалува количината на холестерол во нашето тело со намалување на нејзината реапсорпција преку жолчните киселини. Оваа придобивка од влакната помага да се задржи холестеролот на завидно ниво. Калиумот во мешунките исто така помага во одржување на нормалниот крвен притисок, што помага да се одржи нашето срце здраво подолго.
Многу луѓе во модерно време страдаат од стомачни проблеми, а многу често виновникот е што не се внесуваат доволно влакна во организмот. Предностите на боранијата го вклучуваат неговиот диуретичен ефект врз дигестивниот систем. Богата со растителни влакна, го стимулира природниот проток на урина и редовните столици, што го ослободува организмот од штетни токсини. Други болести чии заболувања ги ублажуваат хранливите материи во боранијата се разните цревни заболувања, хемороиди, запек и чиреви.
И на крајот, фолната киселина што се наоѓа во боранијата помага во развојот на фетусот, поради што е многу важно да се јаде овој зеленчук за време на бременоста. Хранливите материи во боранијата се од витално значење за правилен развој на срцето, мозокот и респираторниот систем на бебето. Покрај тоа, боранијата делува спречувајќи можни дефекти на невралната туба кај фетусот.
Еве и еден лесен и брз рецепт за едноставна салата од боранија:
Прво одете на пазар и купете свежа боранија.
На пример, околу 400 г млада боранија. Ви требаат и 4 чешниња лук, 1 чили пиперче,
2 лажици соја сос, свежо мелен црн пипер, маслиново масло, пармезан и свеж босилек.
Приготвување:
Исечкајте го лукот на тенки ливчиња, исчистете го пиперчето од семките и исечете го на ситни коцкички. Боранијата исчистете ја и измијте ја.
Во вок тава на малку маслиново масло, пропржете ги кратко пиперчето и лукчето, додадете ја боранијата и динстајте 5 минути.
Зачинете со соја сос, црн пипер и динстајте уште 5-10 минути. Боранијата треба да биде мека, но и крцкава.
По желба поросете со свеж босилек и со пармезан.