Чичоки: Заборавен, а одличен борец против рак, шеќер, притисок,…

Фото: Пинтерест
1.014

Чичоки, трупки, рокчиња, или како што уште се викаат-диви компири или ерусалемски артичоки, се нешто што ние како деца многу го јадевме. На пример, наместо јаболко. Денешните деца веројатно и не знаат што е тоа

Чичоката (Helianthus tuberosus L.) е високо рангирана на листата на здрава храна. Препознатлива е по големите жолти цветови и високото стебло, кое може да порасне и до три метри.

Содржи инулин

Посебно е по тоа што, за разлика од компирот, не содржи скроб туку инулин, заради што е особено препорачлив за дијабетичари. Инулинот има гликемиски индекс нула и е пробиотик кој го стимулира развојот на корисни бактерии во цревата.

Но, чичоката не е добра само за дијабетичари, се препорачува за сите кои се изложени на ризик од кардиоваскуларни заболувања. Во неугледниот корен на ова растение се крие вистинско богатство. Покрај тоа што помага при болести на крвта и крвните садови, алергии, артритис, ревматски заболувања …, има и силно антибактериско и антиоксидативно дејство.

Потекнува од Северна Америка и се одгледува низ целиот свет. Првично се одгледувало како градинарско растение. Има многу ниска калорична вредност (79 kcal на 100 g), содржи претежно јаглехидрати, малку протеини и незначителна количина на маснотии. Ги има речиси сите витамини од групата Б и малку витамин Ц. Исто така, содржи минерали како железо, калиум, калциум, фосфор и магнезиум, како и есенцијални амино киселини неопходни за телото.

Чичоките се најефтината здрава намирница која сѐ уште може да се најде по пазарите. Познати се и како диви компири или ерусалемски артичоки и заради јадливиот корен денеска се култивираат ширум светот.

Замена за компири

Чичоките не содржат скроб па се предвидува дека заради сѐ поголемиот број на луѓе со зголемена телесна тежина и дијабетичари, во иднина ќе станат замена за компирите.

Помагаат кај висок крвен притисок, покачено ниво на маснотии во крвта, кардиоваскуларни заболувања, анемија, остеопороза, посебно дијабетес и дебелина, а придонесуваат и за нивна превенција.

Кога се консумираат сирови, се одлични за чистење на организмот од токсини. Тие се познати и како афродизијак, го јакнат либидото, потенцијата и плодноста. Корисни се и во превенцијата и лекувањето на алергиите.

Ја намалува концентрацијата на канцерогени ензими па нивната улога е посебно значајна во превенција и лекување на малигните болести на цревата.

Она што е важно за дијабетичарите е дека со нивното разградување не доаѓа до пораст на нивото на шеќер во крвта (гликемиски индекс: 0).

Имаат висока содржина витамини (B-група, C, D, провитамин A – бета каротен) и минерали (калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо).

Исто така, чичоките се извор на есенцијални аминокиселини.

Може и сирово

Обично се сади во рана пролет, корените личат на ѓумбир, бојата варира од бледо кафеава, розова до бела. Може да се јаде сирова, а ако се обработува термички, може да се динста, вари, пече или пржи. Варена, печена или динстана, таа е замена за компирот, но се вари побрзо и е послатка од компирот.