Ако не знаете дали намирниците на кои им истекол рокот сѐ уште се јадливи…

Фото: Unsplash
184

Храната во вашиот фрижидер изгледа добро и мириса нормално, но рокот на траење ѝ е истечен. Дали ќе ја фрлите во канта?

Повеќето луѓе ја фрлаат храната на која пишува дека ѝ е истечен рокот на траење, дури и ако таа изгледа добро и мириса нормално. Тој синдром има дури и име: да се употреби пред паранојата. Етикетите можат да ги доведат во заблуда потрошувачите, што резултира со фрлање на 8 милиони тони совршено добра храна само во Англија, што е околу 800 евра по домаќинство годишно.

Датумот кој е означен како „да се употреби до“ го означува времето до кое се гарантира дека храната е со врвен квалитет. Може да се означи и само во формат од месец и година. После тоа, храната може да се користи уште некое време, без никакви здравствени последици.

Примарна работа е едноставно да ја погледнете и да ја мириснете храната, за да се избегне ризикот од труење.

Треба да се внимава со филетите од риба во вакуум пакување. Имајќи предвид дека некои бактерии на рибите тешко се отстрануваат дури и со третман на висока температура, се препорачува да се почитува означениот датум и да се користи производот пред истекот на рокот. Истото треба да се направи и со другите морски плодови.

Нема смисла да се земе предвид рокот на употреба кога се во прашање овошјето и зеленчукот. Очигледно е кога тие веќе не можат да се јадат. Исклучок е компирот, кој кога ќе добие зелени дамки или ќе никне, создава токсини кои можат да доведат до труење.

Неотворена тегла џем може да трае бесконечно, стотици години. Откако ќе се отвори, може да се јаде додека не мувлоса. Мувла се појавува на производите кои содржат конзерванси поради бактериите внесени со приборот. Ако користите чиста лажица секој пат, ќе го забавите процесот на расипување.

Никогаш не јадете храна од дупнати лименки, бидејќи содржи многу опасни бактерии.

Јогуртот се користи за чување на месото во некои земји на Блискиот Исток, бидејќи неговата киселост го спречува развојот на бактерии. Единствен начин да се расипе е да го контаминирате со прибор или со прсти. Неконтаминиран може да трае со недели. Мувлата е јасен знак дека е расипан.

Лебот, иако се посочува дека има рок на траење од 3 дена, секако се јаде и по една недела. Бајат леб е одличен за пржени лепчиња или за тост. Шеќерот и конзервансите кои ги содржи го спречуваат лесното расипување.

Сувата храна, како шеќер, сол, брашно, ориз и тестенини може да се користат цела година по истекот на рокот, доколку се чуваат правилно, односно не доаѓаат во контакт со влага.

Млекото, сѐ додека изгледа и мириса свежо е во ред. Доколку го чувате на температура под 5 степени, во фрижидер, може да се користи неколку дена по наведениот датум.

Јајцата не треба да се јадат по 3 недели од денот на нивното производство, бидејќи салмонелата во нив брзо се размножува. Колку подолго стои јајцето, воздухот во него се шири и течноста испарува, поради што може да лебди на вода – ставете го во чаша вода и ако не потоне, тоа е јасен знак дека е расипано. Можете да го потврдите тоа со кршење на лушпата, ќе почувствувате по мирисот.