Ако не можете да му одолеете на младото лукче…

Една добра работа од носењето заштитни маски е што и ако претходната вечер сте јаделе младо лукче, тие околу вас нема да го почувствуваат вашиот лош здив. Ама ова не важи за вас. Затоа обидете се со следниве намирници.

0
539

Има ли некој што не сака младо лукче? Ама навистина е непријатно кога треба да одите на работа затоа што и покрај миењето заби, па дури и проспиената ноќ, лошиот здив останува и следниот ден.

Сега имаме една олеснителна околност – заштитните маски, ама во тој случај пак, лошиот здив ќе си го чувствувате самите точно под носот. Затоа, еве неколку намирници со кои можете да го ублажите непријатниот здив по консумирањето на млад лук:

  1. Зелен чај

Богат е со полифенол, моќен антиоксиданс кој спречува развој на бактерии во усната шуплина.

  1. Свежи билки

Хлорофилот од свежите билки ги апсорбира мирисите, па затоа џвакајте ги после јадење лук. Одлични избори ќе бидат магдонос, нане, копар, босилек, рузмарин, мајчина душица и коријандер. Ако вашето јадење веќе содржи свеж магдонос или други свежи билки, џвакајте го за моментално посвеж здив. Ако ги проголтате билките после џвакањето, ќе го продолжите неговото дејствување во борбата против лошиот здив.

  1. Јаболков оцет

Додадете половина лажица јаболков оцет во чаша вода и правете гаргара. Не само што ќе имате пријатно чувство на свежина во устата, туку и ќе се ослободите од вкусот на лукот што можеби ви остана на јазикот.

  1. Млеко

Маснотиите во млекото го неутрализираат сулфурот кој се наоѓа во лукот, додека водата од млекото делува како средство за испирање на устата. Полномасното млеко е поделотворно бидејќи содржи повеќе маснотии.

  1. Зачини

Џвакањето цели каранфилчиња, кардамон или анасон помага веднаш да се елиминира лошиот здив.

Фото: Pixabey