Ако сакате да ослабнете, не ги јадете пред спиење овие 5 намирници

Ако сакате да симнете некој килограм, тогаш не ги јадете пред спиење овие пет намирници.

0
1089

Губењето на килограмите не е лесен процес и треба да се земат предвид голем број фактори за тоа да се случи што е можно побрзо и ефикасно. Еден од нив е вечерата.

Не мора да одите во кревет гладни, но внимавајте што јадете, ако сакате вагата да не ве шокира.

1. Производи од месо

Колбаси, салами и други производи од месо не се најдобриот избор за вечера. Ако тие не се домашни, богати се со конзерванси, засилувачи на вкус, сол, шеќер и лоши масти. Сето ова, покрај тоа што го загрозува здравјето, поттикнува и зголемување на телесната тежина.

2. Пица

Кој не сака да поминува вечери со добар филм и пица? Но, ова уживање има своја цена – маснотии околу половината и недостаток на енергија. Пицата е многу калоричен избор за вечера. Богата е со јаглехидрати и масти – тесто, вкусен растопен кашкавал, салама, сос од домати – сето тоа отвара апетит, но и зголемување на телесната тежина.

3. Јаткасто овошје

Можеби не ги очекувавте лешниците, бадемите и оревите на оваа листа, но таму се. Оревите се богати со хранливи материи, но исто така се богати со маснотии (навистина, здрави маснотии, но сепак се маснотии). Бидејќи веројатно нема да вежбате после вечерата, нема каде да ги согорите тие калории. Наместо тоа, оставете ги јатките за појадок.

4. Путер од кикирики

Путерот од кикирики е едно од најпопуларните и поздрави намази (секако, ако е домашен), но бидејќи е богат со маснотии и калории, нема му е местото во вечерниот термин. Наместо тоа, јадете го за појадок или за ужина.

5. Помфрит

Помфритот во никој случај не е добра идеја за вечера. Просечна порција од околу 140 грама содржи 430 калории. Со оглед на тоа што станува збор за чисти јаглени хидрати пржени во длабоко масло и добро посолени, не е ни чудо што тие влијаат на состојбата на вагата.

Фото: Pexels