Боење на велигденски јајца без ризик: во вино, чај, зелка, куркума, цвекло,…

492

За боење со природни бои можете да користите разни видови намирници (овошје, зеленчук, зачини, вино), па дури и цвеќиња. За да ја добиете посакуваната природна боја, прво треба да ги обезбедите сите потребни намирници, понекогаш, тоа може да бидат и само лушпи од кромид, кои се и онака, кујнски отпад.

По повод Велигден, еве некои стари и некои нови совети како правилно да ги сварите и да ги обоите со природни бои …Варени во црвено (евтино) вино, во куркума, овошен сок, па дури и во компот.

Ако ја сакате виолетовата боја, тогаш варењето на јајца во црвено вино е вистинскиот избор за вас.

Ако ги боите на овој природен начин, ќе добиете прекрасна виолетова боја и ситни светкави кристали кога јајцето ќе се исуши.

Вкусот воопшто не се менува, а ова е еден од најлесните начини да се обојат јајцата. Се разбира, за оваа техника не ви треба скапо вино, напротив, се препорачува да биде поевтино, бидејќи остава посилна боја.

Состојки и подготовка (за 20 јајца):

– 20 јајца
– 2 литри најевтино црвено вино

Измијте ги јајцата и наредете ги во тенџере наполнето со ладно вино. Виното треба да ги покрива јајцата, затоа што не смеете да ги вртите и да ги мешате за време на готвењето, за да не се излупи бојата.

Оставете ги да се варат најмногу 30 минути, извадете ги од шпоретот и оставете ги да се изладат. Ако сакате што повеќе кристали, оставете ги во виното 24 часа. Не ги премачкувајте со масло бидејќи кристалите ќе исчезнат. Ако тоа не ви е важно, тогаш премачкајте ги со салфетка натопена во масло.

За боење со природни бои можете да користите разни видови намирници (овошје, зеленчук, зачини, вино), па дури и цвеќиња. За да ја добиете посакуваната природна боја, прво треба да ги обезбедите сите потребни намирници, понекогаш, тоа може да бидат само лушпи од кромид, кои се и онака – кујнски отпад.

Која храна и растенија да се користат за која боја?

Сигурно веќе знаете за природно боење на јајца со лушпа од кромид, а еве ние ве потсетивме и за боењето со црвено вино, но ќе ви откриеме уште неколку намирници и растенија што можете да ги користите за да ги обоите велигденските јајца во убави, природни бои и нијанси.

За црвена и розева боја

Јајца во овие бои може да се добијат со подолго или пократко потопување на јајцата во:

во голема количина лушпи од црвен кромид,
сок или чај од брусница,
во сок од цреши или вишни или со помош на компот од вишни,
цвекло (свежо или само сок од цвекло).

За портокалова боја

Можете да ја добиете оваа светла боја со:

помала количина на лушпи од жолт кромид, моркови (и друг зеленчук богат со каротен),
со куркума или мешавина од зачини за кари, чили или црвен пипер во прав.

За зелена боја

Најлесен начин да добиете зелена боја е да ги варите јајцата со спанаќ.

За жолта боја

За да ја добиете оваа боја на јајцата треба да ги варите со:

кора од портокал или лимон (само тенок, надворешен слој од плодот), листови од морков,
зелен чај и чај од камилица.

За сина боја

Ќе добиете синкава боја со лисја од црвена зелка.

За виолетова боја

За виолетови нијанси се идеални:

виолетови цвеќиња (ако ги имате во доволни количини),
темно црвено вино,
разни чаеви (хибискус, боровинка, овошен чај),
покрај интензивната виолетова, можете да создадете и нежна боја на лаванда со помош на темјанушки и малку сок од лимон.