Британската амбасада отвара конкурс за најдобар британски пудинг

Фото: Фејсбук
202

Британската амбасада во Македонија отвара конкурс за најдобар рецепт за традиционален британски пудинг кој ќе трае од денес (20 април) до 5 мај. Сите што сакаат да учествуваат се поканети да испратат рецепт на [email protected].

На 6 февруари 2022 година, британската кралица стана првиот британски монарх кој прослави платинест јубилеј, одбележувајќи 70 години служба на народот на Обединетото Кралство и Комонвелтот. Кралицата е монарх со најдолго владеење во британската историја и за време на нејзиното исклучително владеење пропатувала повеќе и подалеку од кој било друг монарх, реализирала преку 260 официјални посети во странство, вклучително и речиси 100 државни посети и беше најистакнатиот дипломат на Обединетото Кралство.

Како дел од активностите во Македонија, британската амбасада го започнува натпреварот за Платениумскиот Јубилеј кој има за цел да открие нов десерт во знак на почит на кралицата.

„Победничкиот десерт ќе биде претставен на овогодинешниот Платинест јубилеен настан на кој како Амбасада ќе бидеме домаќини на крајот на мај. Утрово Маре Јаневска, менаџер и шеф во британската резиденција на ТВ Телма зборуваше за Платиниумскиот јубилеј и Конкурсот за платинест пудинг на кој беа прикажани неколку јадења за да им покаже на гледачите како изгледа традиционалниот британски „пудинг” или десерт. Конкурсот ќе биде отворен од денес 20 април до 5 мај и ги покануваме сите што сакаат да учествуваат да ни испратат рецепт на [email protected]. Ќе ги избереме 5-те најдобри рецепти и ќе ги поканиме учесниците во британската резиденција да ги направат пудинзите и да ѝ ги презентираат на комисијата која ќе го избере победникот на натпреварот. Победничкиот пудинг ќе биде претставен на нашиот Платинест јубилеен настан, на кој победникот ќе биде поканет да присуствува“. пишува на Фејсбук профилот на британската амбасада во Скопје.