Велигденски деликатеси

520

За Велигден главни протагонисти се велигденските јајца, но по важноста не заостанува ниту велигденскиот обреден леб или колач, попознат како милиброд. Еве што се подготвува традиционално и во другите земји

Велигденската трпеза е различна во различни делови од светот, па еве неколку идеи доколку сакате овој Велигден да испробате нешто поинакво од она што е традиционално кај нас.

Русите за Велигден прават „кулич“, а Бугарите „козуњак“. Во Италија пак традиционално се јаде посебна велигденска „torta di Pasketa“, солен колач со варени јајца и спанаќ, а во Швајцарија се подарува велигденска голубица „paloma di paskva”, колач со суво овошје. И кај нас, и во добар дел од европските земи, јагнешкото месо ја краси велигденската трпеза. Доколку тоа сакате да го направите во француски стил, би можеле да го сервирате месото со повеќе видови сирења, врвно црвено вино и квалитетно чоколадо за десерт.

Во Италија, пак јагнешкото месо не е карактеристично за велигденските празници, туку губаната. Ова италијанско слатко лепче се прави со ореви, суво грозје, чоколадо и слатко вино, како и веќе споменатата „торта ди Паскета“.

Во Холандија традиционално се послужува кремавиот ликер, налик на пудинг. Се прави од жолчки, ракија и шеќер.

Адвокат

Во Мексико за Велигден се служи Капиротада – леб, млеко, сирење, путер, суво грозје, кикирики, сируп од цимет и шеќер.

Капиротада

Торта Пасквалина, односно пита со спанаќ и јајца,  е карактеристична за Аргентина за време на Велигден.

Шпанците сервираат Хорнаѕо, вид на лепче полно со свинско месо, колбаси и јајца. Слично на ова, Словенците прават традиционална шунка во леб која се служи со ароматичен сос од рен и јаболки. Од таму ни дојде и овој одличен и многу пати досега испробан рецепт од нашиот познат уметник и голем кулинар Диме Темков кој живее во Словенија веќе цели двеипол децении.

Состојки:

Чадена шунка во парче (околу 1 кг)

1 кг брашно

4 г свеж квасец или 1 сув

1 лажица шеќер

1-2 лажички сол

150 мл масло

200 мл вода

јајце

Приготвување:

Измешајте го квасецот во 200 мл млака вода, со лажичка шеќер и постепено додавајте малку брашно додека смесата не се згусне. Ставете го на топло место околу 15 минути. Додадете од остатокот од брашното, сол, масло и млака вода во нараснатото тесто по потреба се додека не добиете поцврсто тесто и ставете го повторно 15 минути да стаса.

Расукајте го тестото на дебелина од три сантиметри, со двојно поголема површина од шунката. Проверете дали има доволно површина на тестото за да ја завиткате шунката. Премачкајте го тестото со јајцето изматено со лажица вода.

Оставете го половина час на топло место да нарасне, а потоа печете го околу час и половина во загреана рерна на 130°С.

За прилогот изрендајте на ситно свеж рен и јаболко. Додадете по вкус, сол, малку шеќер, вода и алкохолен оцет.

Финска е карактеристична по десертот наречен мами. Се подготвува со ржано брашно, вода, сол и портокал. Има специфичен вкус и долго се подготвува.

Милибродот украсен со црвени велигденски јајца се подготвува во повеќе балкански земји. Не само што е многу вкусен туку и со својата форма на венец внесува празнична атмосфера на трпезата.

Еве како се прави.

Состојки:

1 кг. брашно

4 јајца

1 свеж квасец

150 г кафеав шеќер

2 пакетчиња ванилин шеќер

100 г путер

прстофат сол

500-600 г. топло млеко

рендана кора од 1 лимон

200 г суво грозје

За украсување ви предлагаме 2 жолчки, 40 грама бадеми, шеќер за поросување

Приготвување:

Квасецот растворете го во малку млеко, додадете по 1 лажиче брашно и шеќер и оставете да стаса.

Во голем и длабок сад, измешајте ги сите состојки, додадете го стасаниот квасец и постепено додавајќи од млекото замесете тесто. Месете го околу 10 минути. Тестото може и малку да лепи на рацете, ама такво треба да биде.

Вратете го во садот, покријте го со крпа и оставете го во топла просторија да стасува. Откако ќе стаса, премесете го и повторно вратете во садот да отстои 15-тина минути.

Размесете го тестото и поделете го на два еднакви дела и од секој од нив формирајте ленти со должина од 50 сантиметри. Од лентите направете плетенки и ставете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги да стасуваат 30-тина минути. Премачкајте ги со жолчките и наросете со исечкани бадеми или со шеќер.

Печете 30-тина минути на температура од 170 степени.

Велигденско слатко лепче

Ако сте од оние што сакаат да си играат со тесто, направете го сами годинешното ароматично, слатко Велигденско лепче со суво грозје. Бидете трпеливи, а тоа ќе биде совршено и вкусноApril 24, 20190300

Состојки:

500 г брашно

40 г свеж квасец

100 мл млако млеко

4 жолчки

100 г мед

50 г шеќер

1 ванилин шеќер

прстофат сол

ванилин шеќер

рендана кора од 2 лимони

рендана кора од 2 портокали

сок од 2 портокали

1 рака суво грозје

0,5 дцл рум

125 г омекнат путер

1 жолчка и 2 лажици вода за премачкување

Приготвување:

Загрејте го млекото, помешајте го внатре квасецот, 2 лажички брашно и 1 шеќер. Добро измешајте и чекајте да стаса.

Во голем сад ставете го брашното и сите состојки по ред, а квасецот додадете го на крајот.

Измешајте сѐ добро и замесете тесто. Месете го подолго за да биде што помеко. Готово е кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на садот.

Обликувајте го во топка, а потоа оставете го на топло да нарасне (околу 60 минути)

Премесете го и оставете го уште еден час повторно да нарасне.

Преполовете го на пола (за две средно големи слатки лепчиња) па оставете да стојат уште 20 минути.

Премачкајте ги со жолчка и 2 лажици млака вода и ставете ги да се печат на 160°C околу 25 минути.

Велигденски десерт од Сицилија

Црниот ориз со својот состав и начинот на подготвување потсетува на арапските десерти богати со шеќер и со зашеќерено овошје. Начинот на подготвување се разликува од семејство до семејство па ова е само еден од начините за негово подготвување. Количината е голема па ако подготвувате десерт само за четиричлено семејство, преполовете ја количината на наведените намирници. Состојките можат да варираат и се лесно достапни, а резултатот е десерт со вкуден и раскошен изглед.

Состојки:

500 г ориз

1-1,5 л млеко

300 г шеќер

200 г чисто горчливо какао во прав

100 г црно чоколадо скршено на парчиња

200 г груби исечкани и излупени бадеми

100 г кандирано овошје (ситно исечкано)

Кора од 1 портокал

Цимет во прав

2 лажички ванилин шеќер

Прстофат сол

По желба за поросување:

Шеќерни трошки, кандирано овошје или препечени ливчиња бадеми.

Приготвување:

Оризот измијте го и ставете го да се вари во млекото, заедно со прстофат сол, шеќер и ванилин шеќер.

Кога е оризот речиси сварен, ал денте, полека, со постојано мешање додавајте го какаото и ситно изренданата кора од портокал.

Оризот не смее да се превари, ниту да се залепи за дното од садот. Ако е потребно, додадете малку врела вода (ако е оризот недоволно сварен, а смесата станала премногу густа.

Тргнете го од оган и додадете ги веднаш грубо исчеканите бадеми или почекајтесмесата малку да се олади, потоа додадете ги парченцата чоколадо.

Ставете ја смесата во садови за послужување и поросете со препржени ливчиња бадмеи, со кандирано овошје или шеќерни трошки и малку цимет во прав.

Напомена:

Количината на шеќер можете да ја намалите или зголемите според вкусот. Дел од млекото можете да го замените со вода.