Вкусна и фина храна, фенси ресторан и за сето тоа не мора да одите подалеку од Петровец

835

Мариниран лосос, туна, зреено месо, свинско филе, егзотично пилешко, рижото со грашок, сос од диви јаболка, салата со целер, рукола, јаболка, морски плодови, брускети, десерти од кои ќе ви застане паметот и сето тоа на едно место, со светски изглед и вкус, на само 20 километри од Скопје, во Петровец со поглед на базен, небо и по некој авион кој полетува од скопскиот аеродром.

Викендов Македонија доби уште едно репрезентативно место на кое слободно може да бидат угостени дури и судиите на престижниот Мишелинов водич.

Мариниран лосос, туна, зреено месо, свинско филе, егзотично пилешко, рижото со грашок, сос од диви јаболка, салата со целер, рукола, јаболка, морски плодови, брускети, десерти од кои ќе ви застане паметот и сето тоа на едно место, со светски изглед и вкус, на само 20 километри од Скопје, во Петровец со поглед на базен, небо и по некој авион кој полетува од скопскиот аеродром.

Новиот ресторан BOCCA DI LUPO е во рамките на комплексот во кој се наоѓа хотел Мирор кој постои од 2019. година и е место во кое во пријатна атмосфера ќе можат да уживаат љубителите на фина и вкусна храна и интернационална кујна.

Ресторанот нуди уникатно и незаборавно доживување, секое катче има уникатен дизајн, секој елемент од ресторанот е внимателно избран, почнувајќи од приборот за јадење, кристалните чаши, чиниите и сè останато.

Шеф на кујна е охриѓанецот Љупчо Коркоски кој своето долгогодишно искуство го стекнал во повеќе ексклузивни ресторани во Дубаи. Храната е спој на внимателно избрани состојки и како микс од повеќе кујни: италијанска, медитеранска и ориентална кујна, може да ги задоволи вкусовите на сите, па дури и на најпребирливите гости.

Внатрешниот дизајн на ресторанот е осмислен и создаден од архитектката Катерина Кајевска Теодорова, додека надворешниот дизајн на комплексот е на архитектот Крсте Петров.

Капацитетот во внатрешноста на ресторанот е предвиден за 130 гости, а на летната тераса за 170 гости, додека целиот ресторанот се наоѓа на површина од 1.000 метри квадратни.

Bocca Di Lupo ќе нуди разновидна музичка програма со ексклузивни пејачи и групи, а за Нова година таму ќе гостуваат Викторија Лоба со нејзиниот бенд и диџеј@foodieman.