Дали сирењето е здраво или не?

Фото: Unsplash
580

Нема сомнеж дека сирењето е една од најомилените намирници, но и една од оние околу кои има најмногу дилеми. Многу луѓе се прашуваат: дали е здраво или не? Дали може да се јаде редовно? Колку сирење е доволно, а колку е премногу? Дали придонесува за дебелина и срцеви заболувања? Ќе се обидеме да одговориме на овие и слични прашања

Историјата на сирењето е долга околу 7.000 години, а се верува дека првпат е направено сосема случајно: арапски номад патувал низ пустината со млеко во мешина (вреќа од овча кожа што служела за пренесување течност) и кога ја отворил по некое време, забележал дека скапоцениот пијалак се подели на течност (сурутка) и грутчиња (сирење).
Овој процес настанал затоа што мешината содржела ензим за коагулација на млекото, а високата температура и триењето предизвикани од возењето придонеле за да се згрутчи.
Денес на пазарот има различни видови сирења, но мислењата за нивното влијание врз здравјето се многу спротивставени.

Некои истражувања потврдуваат дека овој производ го спречува развојот на многу современи болести и го подобрува метаболизмот (кравјото сирење со малку маснотии, на пример, ги содржи амино киселините метионин и цистеин, кои учествуваат во метаболичките процеси во организмот).

Од друга страна, научниците истакнуваат дека во земјите каде што не се консумираат сирење и други млечни производи – како што е на пример Јапонија – кардиоваскуларните заболувања и некои видови на рак се многу ретки.

Нема сомнеж дека сирењето е една од најомилените намирници, но и една од оние околу кои има најмногу дилеми. Многу луѓе се прашуваат: дали е здраво или не? Дали може да се јаде редовно? Колку сирење е доволно, а колку е премногу? Дали придонесува за дебелина и срцеви заболувања? Ќе се обидеме да одговориме на овие и слични прашањаво продолжение.

Природното сирење се прави од млеко, сол, „добри“ бактерии и мешавина на ензими наречени сириште, а се добиваат од желудникот на младите преживари. Познато е дека луѓето правеле сирење повеќе од 4.000 години, иако неговото потекло е нејасно.

Денес постојат многу видови сирење, кои можат да се поделат во осум категории: сино сирење (на пр. Горгонзола), тврдо (пармезан), паста филата (моцарела), преработени (американски), полутврди (чедар), полумеки ( Хаварти) и меки и зрели (бриер).

Се разбира, постојат илјадници различни сорти на сирење, па дури и сорти што спаѓаат во истата категорија (една од оние што ги наведовме) може да се разликуваат доста по вкус, бидејќи многу фактори влијаат на тоа. Исто е и со нутритивните профили. Некои имаат помалку, а некои повеќе сол (по правило тоа се тврди и зрели сирења), некои имаат помалку, а некои повеќе масти и слично.

Кои се потенцијалните здравствени придобивки од сирењето?

Поволно делува на здравјето на коските
Сирењето содржи неколку клучни хранливи материи, вклучувајќи го и калциумот, кои придонесуваат за здравјето на коските. Поволното дејство врз здравјето на коските е позабележително кај помладите, иако веројатно е важно да се консумира на сите возрасти.

Може да помогне да се спречи кариес
Јадењето сирење ја зголемува pH вредноста во устата, веројатно поради зголемената плунка, што може да помогне во заштитата на забната глеѓ.

Позитивно влијае на цревната микрофлора
Сирењето може да ја промени микрофлората на телото, да го забрза метаболизмот и потенцијално да го намали ризикот од дебелина!

Може да придонесе за спречување на когнитивниот пад
Една студија на повеќе од 1.700 возрасни испитала колку често јадат одредена храна, вклучително и сирење. Преку статистичка обработка на податоци, утврдено е дека оние кои секојдневно консумирале сирење биле изложени на помал ризик од когнитивно опаѓање (деменција и слично) што доаѓа со возраста.

Може да помогне да се намали ризикот од дијабетес тип 2
Барем така покажуваат некои студии, кои секојдневното консумирање сирење го поврзуваат со намален ризик од дијабетес.

Придонесува за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Главната замерка на сирењето е главно тоа што содржи заситени масти, кои според постарите истражувања не се добри за кардиоваскуларното здравје. Меѓутоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека умереното консумирање на заситени масти не е штетно, напротив, барем кога станува збор за сирењето. Една мета-анализа која вклучува повеќе студии покажа дека консумирањето малку сирење секој ден всушност го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести! Најголемо намалување на ризикот е откриено кај оние кои консумирале околу 40 грама сирење дневно.
Дали сирењето дебелее?
Во минатото се сметаше дека сирењето нема место во исхраната на оние кои сакаат да ослабат (бидејќи е калорично и богато со заситени масти). Но, денес на тоа се гледа малку поинаку.

Сирењето, на пример, е одличен извор на конјугирана линолеинска киселина, која може да придонесе за помалку складирање маснотии и зголемување на телесната тежина. Овој ефект беше поизразен во истражувањето спроведено на животни, а нешто помалку изразен во истражувањето на луѓето. Една од студиите што вклучуваше сирење, исто така, покажа дека консумацијата на млечна маст изгледа не доведува до зголемување на телесната тежина, туку, напротив, дури и го намалува ризикот од дебелина!

Мета-анализата што веќе ја споменавме покажа дека на краток рок, намалувањето на вкупниот број на калории и зголемувањето на консумацијата на сирење може умерено да придонесе за губење на тежината.

Сè на сè, сирењето можеби навистина нема да ви помогне да изгубите тежина, но само по себе нема да ве натера да се здебелите, ако го консумирате умерено.

Проблемот е што сирењето обично се комбинира со многу масна, висококалорична и солена храна како пица и лазања, што лесно може да ги негира неговите придобивки.

Нетолеранција на лактоза
Многу луѓе го имаат овој проблем, поради што огромното мнозинство од возрасните имаат проблеми со варењето на млекото. Сепак, сирењето ги задржува повеќето хранливи придобивки од млекото, но има многу малку лактоза во споредба со другите млечни производи, па затоа може да го консумираат повеќето луѓе кои вообичаено имаат проблем со лактозата од млекото.

7 вкусни – и здрави – начини да го користите сирењето во вашата исхрана

Здробете го тврдото сирење во салата

Во омлетот додадете рендано сирење

За ужина изедете парче сирење со јаболко

Младото сирење со свежо овошје измешајте го во шолја и изедете го како десерт

Во чинија наредете парчиња разни сирења со грозје и ореви, бадеми и сл.

Заклучок
Сирењето не е нездраво – далеку од тоа. Може да се каже дека е корисна храна, погодна за секојдневна консумација, но секако, треба да се консумира умерено, поради содржината на масти, натриум и калории. Според податоците на Школата за јавно здравје на Харвард, парче сирење од 5 сантиметри содржи околу 120 калории.