Дали сте пробале брашно од банани?

Фото: Unsplash
123

Брашното од банана се прави од зелени, незрели банани, кои се лупат и се варат, а потоа се мелат во ситен прав. Претежно се состои од јаглехидрати, но содржи малку влакна и протеини.

Без разлика дали јадете храна без глутен или сте на кето диета, големи се шансите да наидете на интересни замени за брашно кои ветуваат повеќе хранливи материи од традиционалното обично брашно. Бадемите и кокосот се меѓу најпопуларните алтернативи, а тука се и оризот и овесот. Меѓутоа, најнов додаток е брашното од банана.

Брашното има благ сладок вкус и лесна текстура, така што со него можете да го замените обичното брашно во речиси сите рецепти. Бидејќи брашното е природно слатко, одлично е за печење.

Брашното од банана главно се состои од јаглени хидрати, но содржи и малку влакна и протеини, како и нула грама масти. Исто така е одличен извор на калиум, кој е важен за здравјето на срцето и мускулите.

Бидејќи содржи зелени, незрели банани, делува како пребиотик и на тој начин го поддржува здравјето на цревата. Иако бананите се природно слатки, не мора да се грижите за шеќерот во крвта, благодарение на нискиот гликемиски индекс.

Брашното од банана е природно, без глутен и јаткасти плодови и има повеќе хранливи материи. Тоа е одлична замена за секој кој има одредени ограничувања во исхраната. Другите алтернативи на брашно, како што е бадемовото брашно, содржат повеќе протеини.

За што да се користи брашно од банана?
Брашно од банана прво, нема вкус на банани. Бидејќи брашното од банана се прави од зелени банани, вкусот на слатките зрели банани не доаѓа до израз. Незрелите банани додаваат малку сладост, но не и изразен мирис и вкус на банани.

Тоа е многу разновидно и може да се користи за скоро сите рецепти. Освен за печење, брашното од банана можете да го користите како згуснувач во чорби, па дури и во смути.

Едно нешто што треба да се има на ум кога се готви со брашно од банана е дека, поради високата содржина на скроб, апсорбира повеќе течност од другите. Значи, ако барате нешто полесно, ќе треба да изберете друга опција.

Брашното од банана е одлична алтернатива ако барате опција без глутен и без јаткасти плодови. Иако не е толку здраво како да јадете цела банана, сепак ќе јадете слични хранливи материи, вклучително и дополнителен калиум и влакна. Бидејќи можете да го користите во кој било рецепт што го сакате, навистина нема ограничувања кога станува збор за додавање овошно брашно во вашите оброци.