Гордон Ремзи: Ковидот ги збриша лошите ресторани

Фото: Фејсбук
286

Познатиот британски готвач вели дека локдаунот за време на пандемијата бил „погубен“ за угостителската индустрија, но дека ова има и друга страна – ги затвори лошите ресторани

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи повторно го сврте вниманието на јавноста тврдејќи дека клучното влијание на пандемијата на ковид – 19 е тоа што се затворија лошите ресторани кои, како што вели, се наоѓаа на добри локации. Ремзи во неодамнешното интервју за „Radio Times“ се осврнал на пандемијата и последиците што таа ги донесе со себе и како тие влијаеја на угостителската индустрија последниве две години. Според него, пандемијата е погубна за сите оние кои се вклучени во индустријата, но тоа било и добра можност да се „збришат“ сите лоши ресторани кои некогаш ги исполнувале улиците.

„Последниве две години беа поразителни, но сега тоа се подобрува. Мислам дека на сите им е јасно дека лошите ресторани оповеќе ги нема…“, рекол Ремзи.

Овој славен готвач не прецизирал на кого мисли, но истакнал дека верува оти сега значително ќе се подобри квалитетот на храната во рестораните. Познавачите велат дека

е вистина дека во Лондон се измачуваа големите, и онака кревки синџири со многу локации во области каде што има големо движење на луѓе. Не можејќи да ги издржат трошоците за нивните локали на ударни локации во ситуација кога не работат, откако ги купиле во лет со премногу агресивно проширување на своите брендови, морале да ги затворат, но дека оној што преземал многу од нив е самиот Гордон Ремзи и неговите Street Burger и Street Pizza.

„Клиентите станаа „многу попаметни“ последните две години. Тие сега знаат многу повеќе за храната отколку порано, така што оние во угостителската индустрија сега се принудени да ги прават работите на следното ниво“, додава тој во интервјуто.

Гордон, инаку, често е критикуван од своите следбеници за високите цени во неговите ресторани, а особено беше нападнат околу божиќниот период кога најави дека вечерата ќе чини 370 долари по човек, без вклучени пијалаци.