Домашен путер од кикиритки од 2 состојки (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
1.198

Не трошете пари за купечки путер од кикиритки, сами направете подобра и поздрава верзија

Путерот од кикиритки е одамна популарен во светот, а Американците претпочитаат да го јадат овој намаз на тост и со џем. Тоа е малку чудна комбинација, но е практичен и вкусен појадок. Путерот од кикиритки е здрав и често се користи како замена за путер или маргарин при правење колачи или пити. Сега и вие можете да го подготвите овој фантастичен намаз, а ви требаат само кикиритки и блендер. Сол сигурно веќе имате.

Состојки:

450 гр сурови кикиритки
сол

Приготвување:

Печете ги кикириките во тавче на 175 ° C околу 12 минути. Завиткајте ги во крпа и силно тријте за да ја отстраните лушпата. Оставете да се изладат целосно. Во блендер ставете ги кикиритките, посолете и блендирајте додека не добиете мазна и кремаста смеса. Паузирајте за да ги изгребете рабовите по потреба. На почетокот изгледа дека не се меша добро, но мора да бидете трпеливи.

Ако сакате да биде покрцкав, не мора да блендирате додека се формира мазна и кремаста маса. Целиот процес трае околу 5-15 минути (во зависност од вашиот блендер). Префрлете го путерот во сад кој може да биде херметички затворен и чувајте го во фрижидер.