Домашна чабата: Вкусно и лесно, дури и за почетници

1.297

Ова е навистина едноставен рецепт, а лебот ќе им се допадне на сите, зашто нема маана. Се разбира, освен што е со бело брашно, ама сепак е поздраво отколку леб во кеса

Овој леб се прави навистина лесно и ако се придржуваат до рецептот можат да го направат од прва, дури и оние кои се апсолутни почетници во правење леб.

Се подготвува релативно брзо, па дури и времето за нараснување не е премногу долго. Не се меси, туку се меша, а ако ви се допаѓа можете да правите и дупли дози, да си го замрзнувате и да имате леб за цела недела.

Ние веднаш направивме дупла доза зашто и собирот беше голем, па да има за сите.

Инаку, за дупла доза удвојте ги сите состојки освен квасецот, доволно е една коцка. Дури ако правите само една доза, би ви препорачале да пробате со пола коцка.

Ви требаат вообичаените состојки:

600 г брашно
500 мл млака вода
1 свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
5 лажици маслиново масло

Приготвување:

Прво растворете го квасецот во топлата вода заедно со шеќерот и една лажичка брашно.
Откако ќе се растопи, додадете ги останатите состојки и измешајте убаво со дрвена лажица. Ќе добиете многу меко и лепливо тесто, но такво и треба да биде. Покријте го и оставете го да нарасне 1 час.

Откако ќе нарасне набрашнете ја обилно работната површина и истурете го тестото. И одозгора убаво набрашнете го тестото, а ставете и на дланките затоа што е лепливо. Поделете го тестото на 2 дела. Оформете ги во долги векни леб и обидете се да ги обликувате спирално.

Префрлете ги векните во набрашнета тепсија и оставете ги уште 30 минути.

Потоа, ставете ги да се печат на 250 степени 10 минути, па намалете ја јачината на 190 степени и печете уште 20 минути.

Извадете го лебот и покријте го со крпа. Би било добро да отстои некое време и да се излади пред да почнете да го консумирате.

Ако сакате можете да направите дупла доза во недела и да имате за цела недела. Секако, ќе треба да го замрзнете на делови и да си вадите толку колку што ви треба.