Еве како да ги замените прашокот за пециво, путерот или павлаката

Фото: Pixabay
287

Понекогаш се случува да видите дека немате некоја состојка дури откако ќе почнете да го правите омиленото јадење, но најдовме неколку трикови како можете да замените некои од главните состојки.

Колку пати сте почнале да месите или да готвите нешто и дури тогаш сте сфатиле дека сте останале без клучната состојка? Ова се прилично непријатни ситуации кои, за жал, се случуваат. Ако веќе сте ги засукале ракавите и не можете да одите во продавница, искористете некои едноставни трикови за да замените некои од главните состојки за подготовка на многу јадења.

Прашок за пециво

Постојат неколку замени за прашок за пециво. Измешајте 1/2 лажичка сок од лимон и 1/4 лажичка сода бикарбона. Можете исто така да измешате 1/4 шолјичка меласа и 1/4 лажичка сода бикарбона или 1/2 лажичка оцет и 1/4 лажичка сода бикарбона.

Кисела павлака

Павлаката често се користи во печењето, а прилично лесно се заменува. Додадете 1/4 шолјичка оцет или сок од лимон во обичниот јогурт и измешајте или измешајте една шолјичка слатка павлака или млеко, со една лажица сок од лимон, иако тоа може малку да ја промени конзистентноста на рецептот.

Мед

Медот е прилично лесен за замена при печење, бидејќи во основа е само засладувач. Измешајте една и 1/4 шолјичка гранулиран шеќер со 1/4 шолјичка вода за да добиете четири лажици мед. Можете исто така да користите еднакви количини агава, сируп од кафеав ориз, јаворов сируп или дури и меласа наместо мед.

Сода

Сода бикарбоната е всушност состојка во прашокот за пециво, па наместо тоа можете едноставно да користите прашок за пециво. Само ќе треба да користите три пати поголема количина на сода бикарбона во прав. Така, на пример, три лажички прашок за пециво се еднакви на една кафена лажичка сода бикарбона.

Путер

Постојат неколку начини да го замените путерот, без разлика дали е поради алергија на млечни производи, или поради тоа што го немате. Една шолјичка путер можете да ја замените со 1/2 шолјичка матеница или една шолјичка маргарин.

Полуслатка чоколада за готвење

Полуслаткото чоколадо за готвење често се користи во рецептите за колачиња. Ако ви недостасува такво чоколадо, измешајте една лажица какао во прав, две лажички шеќер и две лажички стопен путер. Така ќе се создадат околу 30 грама полуслатка чоколада.