Еве како се прават вашите омилени гумени црви и мечиња (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
564

Ако гумените бонбони се едни од вашите омилени задоволства, ве покануваме да престанете да читате сега. Начинот на кој се прават повеќето бонбони на база на гума може да ве вознемири, пишува Huffpost.

Ако некој вегетаријанец некогаш ве одбил кога сте му понудиле гумени мечиња, тркалца со вкус на праска, гумени црви или шолја желе, веројатно знаете дека тоа е затоа што многу од овие производи се направени од желатин. Желатинот пак е направен од животинска кожа и коски.

Белгиската режисерка Алина Книпкенс создаде краток хорор филм со детали за начинот на производство на гумени бонбони. Видеото почнува од готова бонбона, за постепено да се открие неговиот крвав почеток.

Овој филм е еден од серијата кратки документарни филмови кои го превртуваат желудникот, документирајќи го начинот на кој се подготвува нашата храна. Филмовите од истата авторка за типичното белгиско јадење – зајачко со сливи и црн пудинг не се за оние со слаб желудник.

Ако гумените мечиња, тркалцата со вкус на праска или гумените црви се некои од вашите омилени задоволства, ве покануваме да престанете да читате сега. Начинот на кој се прават повеќето бонбони на база на гума може да ве вознемири, пишува Huffpost.

Секако, постојат вегански замени за желатин, а со нив се прават и некои слатки. Агар (исто така наречен агар-агар) е популарна замена за желатин добиена од алги.

Затоа, не очајувајте – има неколку вегански опции во продавниците што можете да ги пробате.