Една од најдостапните и најевтините супер намирници прави чуда за црниот дроб и срцето, штити од рак, го намалува холестеролот

Фото: Freepik
804

Во народната медицина се користи за регенерација на црниот дроб, третман на дијабетес, гихт, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, го стимулира излачувањето на штетните материи од телото, благотворно делува на работата на срцето и протокот на крв, го намалува покачениот холестерол.

Сите знаеме дека киселата зелка е супер здрава намирница, но секогаш има уште нешто што можеби не сме го знаеле. А бидејќи е таа вистински симбол на зимската чинија, особено ви овој празничен период, не е лошо да ѝ посветиме уште еден текст.

Станува збор за една од најдостапните и најевтините супер намирници која прави чуда за црниот дроб и срцето, штити од рак, го намалува холестеролот.

Киселата зелка е заштитен знак на зимата и една од најдостапните и најевтините супернамирници, таа е вистинска ризница на витамини Ц, К и Б6, влакна, железо, бакар, манган, фолна киселина и калиум. Сепак, она што ја прави специфична е тоа што станува збор за ферментирана храна која природно содржи пробиотици и пребиотски влакна кои не само што помагаат во зачувување на оптималното функционирање на варењето, туку се и важна поддршка за имунолошкиот систем, имајќи предвид дека речиси 80 проценти од имунолошкиот систем е во нашите црева. Покрај тоа, пробиотиците помагаат и за подобрување на меморијата и ги намалуваат симптомите на анксиозност и депресија.

Богатство на витамини

Зелката, исто така, содржи антиоксиданти и други корисни растителни соединенија кои помагаат за намалување на оштетувањето на ДНК. помагаат да се спречи клеточната мутација и да се блокира прекумерниот раст на клетките што доведуваат до развој на тумор. Самиот процес на ферментирање на зелката може да создаде и посебни растителни соединенија за кои се смета дека помагаат да се уништат клетките на ракот.

Во народната медицина се користи за регенерација на црниот дроб, третман на дијабетес, гихт, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, го стимулира излачувањето на штетните материи од телото, благотворно делува на работата на срцето и протокот на крв, го намалува покачениот холестерол.

Киселата зелка е еден од ретките растителни извори на менакинон, познат како витамин К2, кој го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања преку спречување на таложење на калциум во крвните садови, но игра важна улога и за здравјето на коските. А рецепти за уживање во благодетите на оваа суперхрана има доволно за да може секој да си најде нешто за себе. И уште еден совет: не го фрлајте расолот, туку пијте го бидејќи е полн со хранливи материи, а се препорачува и како детоксикатор.