Една рака аронија на ден е ефикасно оружје против малигните клетки

Фото: Pixabay
78

Овие здрави бобинки во своите плодови содржат голема концентрација антиоксиданси па се корисна превентива против малигните заболувања, а ефикасно го прочистуваат организмот од штетни материи, па и од тешки метали.

Според најновите научни истражувања, од сите видови овошје, аронијата има најголема концентрација на антиоксиданти кои се неопходни во борбата против разни болести. Исто така, овие бобинки се полни со флавоноиди кои му помагаат на вашето тело да се бори против алергии, вируси и канцерогени елементи, а докажано спречува и воспаление на уринарниот тракт.

Сибирската аронија спречува формирање на слободни радикали во крвотокот, со што се подобрува циркулацијата и се спречуваат болести како што се дијабетес и разни кардиоваскуларни заболувања, а оние кои страдаат од висок крвен притисок треба да ја вклучат аронијата во нивната исхрана. Таа помага и за подобрување на меморијата, а особено се истакнува нејзиниот корисен ефект врз жолчката и црниот дроб затоа што ги прочистува и овозможува поправилна работа на овие органи.

Со ова, го прочистува организмот од штетните материи и тешките метали, па токму поради ова дејство, после експлозијата во Чернобил ја користеле за да се ублажат последиците од зрачењето.

Инаку, доаѓа од Северна Америка и традиционално, Индијанците ја користеле за лекување на настинките.

Лековитоста на аронијата доаѓа од присуство на бројни минерали и витамини. Аронијата е богата со витамини Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу редок витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Покрај тоа, содржи и редок овошен шеќер сорбитол и. како што споменавме, голема концентрација на антиоксиданти во своите плодови па е затоа корисна превенција од малигни заболувања.

Како исклучителен антиоксиданс, аронијата спречува формирање на слободни радикали и нивен “напад” врз здравите клетки во организмот и крвната плазма, со што се забавува процесот на стареење на организмот и спречува развој на хронични заболувања.

Многу студии ги покажале дека аронијата има антиканцерогени ефекти, затоа што „убива“ голем процент на малигни клетки на тумори на мозокот, белите дробови, градите, дебелото црево и црниот дроб.

Можете да ги јадете свежи, а можете да направите и лековит сок од аронија.

Состојки:

1 литар топла вода

3 лажици аронија

2-3 помали коренчиња од ѓумбир

половина портокал

1 лажица мед

1 лажица куркума

Сите состојки ставете ги во голем стаклен бокал и прелијте ги со зовриена вода. После 5 минути можете да го консумирате овој напиток кој има превентивно и лековито дејство.

Фото: Pixabey