За розевите таблети на Нострадамус

Фото: Unsplash
208

Нострадамус, лекувајќи ги заболените од чума, бил постојано изложен на огромен ризик и самиот да стане жртва на болеста, но вирусот го заобиколил. Се зборувало дека тоа е затоа што секогаш имал каранфилче во устата како заштита од инфекција.

Нострадамус не бил само пророк и одличен астролог туку за време на неговиот живот во Франција, тој бил многу попознат како лекар. Кога епидемијата на чума ја зафатила Франција, тој дал голем придонес во борбата против оваа болест. Иако вирусите не биле откриени до крајот на 19 век, Нострадамус заклучил дека хигиената и витаминот Ц играат клучна улога во спречувањето на инфекцијата. Во тоа главно се состоело неговото лекување на болни од чума и постигнал голем успех во спречувањето на ширењето на оваа болест. Поради оваа причина, тој бил награден со некој вид на доживотна материјална помош од градските власти.

Освен хигиенски мерки и витамин Ц, на заболените им препишувал „розови таблети“ кои ги правел по сопствен рецепт, а во нивниот состав имало: каранфилче, перуника (ирис), алое вера, рози и кора од чемпрес. За време на епидемијата посетил многу села и лекувал голем број заболени од чума.

Ова значи дека тој постојано бил изложен на огромен ризик и самиот да стане жртва на чума – но вирусот го заобиколил. Се зборувало дека тоа е затоа што секогаш имал каранфилче во устата како заштита од инфекција.

Дали таа мала пупка навистина го спасила или само имал среќа и исклучително силен имунитет не може со сигурност да се каже. Сепак, факт е дека каранфилчето е силен антисептик.

Лековити својства на каранфилчето

Каранфилчето (латинско име: Syzygium aromaticum) содржи кариофилен, еугенол и танин, супстанции кои поединечно, а особено заедно имаат силно антимикробно дејство. Значи, каранфилчето дефинитивно делува против вируси, бактерии, габи, па дури и против паразити.

Покрај тоа, оваа зачинска билка е и локален анестетик, па маслото од каранфилче може да ја ублажи забоболката. За таа цел, потребно е да се натопи памук и да се стави на болниот заб или на непцето. Друга предност е што маслото од каранфилче ќе ги отстрани и бактериите од тоа место. Претходно, маслото од каранфилче интензивно се користело во стоматологијата како орален локален анестетик и како средство за дезинфекција на забните коренски канали. Џвакањето пупки од каранфил ќе ја ублажи болката во устата и грлото. Чајот од каранфилче помага во лекување на респираторни инфекции.

Каранфилчето е и одлично средство за отстранување на гасовите во желудникот, кои развиваат чувство на надуеност, бидејќи поттикнува правилно внесување храна и исфрлање на токсините. Освен тоа, го ублажува гадењето и го смирува нагонот за повраќање.

Покрај сите негови лековити својства, каранфилчето најчесто се користи како зачин, особено во азиските земји. Се користи за зачинување на месо, месни преработки, сосови, слатки, коктели, па и разни чаеви од сосема други растенија.