Зошто млекото не оди добро со кафе?

Фото: Unsplash
659

Некои намирници ги прават најдобрите комбинации кога станува збор за здравјето и за вкусот.
Но некои, за жал, се само вкусни


Јогурт со житарки за појадок и сирење со шунка за вечера се дел од вашето дневно мени? Дали пиете кафе со млеко? Откако ќе го прочитате текстот, следниот пат сепак можеби ќе нарачате кафе без млеко.


Со додавање на млеко во кафето, секојдневно му штетите на вашето здравје. Зошто треба да ги пиете овие две намирници одделно?

Кравјото млеко е многу кисело, може да создаде секрет и слуз и обично е полно со хормони и антибиотици. И тоа не е сè – многу е тешко за варење.

Ако сакате да додадете млеко од животинско потекло, подобро би било да се одлучите за козјо или овчо, бидејќи толеранцијата кон него е поголема и помалку се обработува.

Најдобро би било да се одлучите за некое млеко од растително потекло како кокосово или млеко од соја.

Покрај сето ова, постои и етичка дилема околу пиењето млеко што многу вегетаријанци и вегани ја пропагираат во последно време.

Кравјото млеко е наменето за одгледување телиња, додека човекот е единствениот вид кој пие млеко од друг вид откако неговата мајка престанала да го дои.

Значи, не е крај на светот, бидејќи има решение. Следниот пат одлучете се за поздрава верзија на капучино.