Како брзо да скиселите сечкани краставици: Едноставен рецепт за незаменливата зимница (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин Јутјуб
548

Тука не станува збор за вообичаените мали кисели краставички, туку за киселење на обични големи краставици кои се готови за консумирање за само еден ден.

Ако сте љубители на кисели краставички, сигурно ќе ви се допаднат и овие вкусни и крцкави сецкани кисели краставици. Тие се толку лесни за правење без мака за конзервирање и имаат многу подобар вкус од купечките! Количината на наведените состојки е доволна за една тегла, а доколку сакате повеќе, слободно зголемете ги дозите.

Состојки:

За една тегла:

1 средна краставица, исечкана на коцки
1 лажичка семе од коријандер
1 лажичка семе од анасон

1 лажичка копар
1 ½ шолја бел дестилиран оцет
1 лажичка шеќер
2 лажички морска сол

Приготвување:

Краставицата исечкајте ја на коцки, прстени или стапчиња и ставете ги во тегла заедно со зачините.

Ставете дестилиран бел оцет, шеќер и сол во мало тенџере. Оставете да зоврие на средна топлина и мешајте додека солта и шеќерот целосно не се растворат. Оставете ја смесата да се излади во фрижидер најмалку 30 минути до 1 час. Кога ќе се излади, прелијте ги краставиците додека не се наполни теглата. Краставиците треба да бидат целосно потопени. По потреба додадете уште оцет или малку вода за да ги покриете.

Цврсто затворете и протресете да се соедини. Потоа ставете ја теглата во фрижидер најмалку 1 час. Вкусовите ќе се продлабочуваат и интензивираат колку подолго се маринира. Најдобриот вкус се постигнува по 24 часа.