Како да заштедите на храна?

Фото: Unsplash
297

Како што растат трошоците за живот, така се скусува и домашниот буџет. Еве неколку одлични совети како да заштедите при купувањето намирници

Трошоците за живот растат, затоа треба да преземете паметни мерки за да заштедите пари. На храната треба најмалку да се штеди, но не треба ниту да се расфрлате. Ви донесуваме совети и стратегии кои ќе ви помогнат да заштедите при купување намирници, без да го жртвувате нивниот квалитет.

Планирање на исхраната


Избегнувајте спонтано купување бидејќи веројатно ќе купите повеќе отколку што ви треба и нема да размислувате рационално. Направете листа на работи што ви се потребни според вашите потреби и што планирате да јадете. Не одете гладни во продавница бидејќи истражувањата покажаа дека тогаш најмногу купуваме, а тоа го правиме сосема непотребно. Прелистајте ги каталозите за следните неколку дена и испланирајте ја вашата исхрана според она што е на акција во каталозите.

Цената на здравата исхрана


Здравата исхрана ќе ви помогне да заштедите пари. Прво, прилагодете ја големината на порцијата. Не купувајте грицки, туку свежо овошје и зеленчук. Парите што би ги потрошиле на сокови, потрошете го на млеко и млечни производи. Обрнете внимание на големината и количината на порции што можете да ги добиете од една намирница. Поделете ја вкупната цена на производот со бројот на порции. Ако цената на една порција е разумна, тогаш купете го производот. Ако сакате нешто слатко, купете овошје со поголема содржина на шеќер или мед. Медот е малку поскап, но на долг рок е и поисплатлив.

Сезонско овошје и зеленчук


Сезонското овошје и зеленчук обично се евтини. Прилагодете ја вашата исхрана на тековната сезона. Така ќе се храните поздраво и повкусно. Во текот на летните месеци уживајте во лубеници, праски, нектарини, дињи и слично. Во текот на пролетта уживајте во зелката, јагодите, вишните.

Промоции и купони


Планирањето на оброк според тоа што ќе биде на акција може значително да ги намали трошоците. Промоциите се одлични бидејќи за помалку пари можете да купите повеќе, а потоа да замрзнете некои работи и да ги користите подоцна.

Ручек на работа


Искористете ги остатоците од вчерашната вечера или ручек и однесете ги на работа. Ова е одличен начин да заштедите пари, но да знаете што точно јадете. Направете сендвич, понесете си овошје или тортиља полнета со зеленчук.

Замрзната и конзервирана храна


Овие намирници се подостапни, а нутритивна разлика речиси и не постои. Замрзнатото и конзервирано овошје и зеленчук можат да стојат долго време и не ги губат своите својства. Наполнете го фрижидерот со замрзнат зеленчук за секогаш да имате здрав прилог. Кога користите конзервирани производи, добро исплакнете ги за да се отстрани вишокот сол.

Извори на протеини кои не се од месо

Месото е одличен извор на протеини, но има и други извори кои се поевтини. Тоа се грав, мешунки или јајца. Јадете вегетаријански тип на исхрана барем еднаш неделно за да го зголемите внесот на здрава храна додека штедите. Јајцата се одличен извор на протеини, а можете да ги јадете за појадок, ручек или вечера.