Каранфилче против болки во грлото

Фото: Unsplash
423

Ако ви е воспалено грлото и ве болат крајниците, имате потешкотии со голтањето и ве мачи постојана и непријатна кашлица, побарајте си го лекот во кујната


Како каранфилчето може да ви помогне при болки во грлото? Овој ароматичен лековит зачин кој обично го поврзуваме со варено вино, има и други намени, па традиционално често се применувал како природен лек. Во Ајурведата најчесто се користи за лекување на болести на респираторниот и дигестивниот систем.

Покрај сувото каранфилче, многу е познато и маслото од каранфилче кое има исклучителни антиоксидантни и антимикробни својства и се смета за еден од најмоќните антисептици.

Ако страдате од болки во грлото или ангина, можете да џвакате цело суво каранфилче или да гаргарате со свежо подготвен чај направен од овој ароматичен зачин.

Вашето воспаление на грлото или ангина треба да се намали и смири благодарение на ароматичното и лековито масло присутно во овој зачин.

Во Индија препорачуваат дневно консумирање од 1-2 каранфилчиња за зајакнување на имунитетот, како и за спречување на болки во грлото и зачувување на здравјето на забите.

Најдобро е да се зема навечер – тогаш, велат, ефектот му се удвојува.

Лековити својства на каранфилчето на грлото и усната празнина

Каранфилчето е одлично за одржување на оралното здравје.

Овој зачин има антибактериски својства, што значи дека го намалува ширењето на бактериите во усната шуплина и помага за зачувување на здравјето на непцата.

Содржи супстанца еугенол, кој се покажа како моќен природен антиоксидант.

Освен еугенол, каранфилчето содржи и други моќни биоактивни материи, како што се флавоноиди, хексан, метилен хлорид и тимол, благодарение на кои има не само антиоксидантни, туку и антимикробни и антиинфламаторни својства.

Со џвакање се ослободуваат сите оние состојки кои позитивно делуваат на грлото и на целата усна шуплина.

Овој егзотичен зачин го чисти јазикот, непцето и грлото од штетни бактерии и токсини.

Неговото масло помага не само кај болки во грлото, туку и кај бронхитис, синузитис, астма и други болести на респираторниот систем.

Делува како експекторанс, што значи дека ја разредува слузта во грлото и го поттикнува нејзиното исфрлање. Затоа е одличен и за упорна кашлица.

Дополнително, каранфилчето го смирува тоа непријатно чувство на иритација во грлото поради која кашлате.

Каранфилчето исто така се покажало како одлично за забоболка и лош здив.

Како да користите каранфилче за болки во грлото или ангина

Џвакање каранфилче

При првите знаци на воспалено грло или ангина, ставете суво каранфилче во устата и добро изџвакајте го. Повторете ја постапката неколку пати на ден.

Гаргара со чај

Од каранфилче можете да подготвите и лековит чај за плакнење на грлото. Истурете чаша врела вода врз половина лажичка каранфилче.

Оставете го да отстои 20 минути, процедете го и гаргајте со него неколку пати пред да си легнете. Чајот што содржи каранфилче ќе го забрза заздравувањето на секоја респираторна болест.

Вдишување на масло од каранфилче

Одличен начин да се ослободите од непријатното болно грло и затнат нос е да го вдишите мирисот на есенцијалното масло од каранфилче.

Ставете го шишето со масло на едната ноздра и вдишете 10-15 секунди, а потоа повторете го истото со другата ноздра. Можете исто така да го капнете маслото на марамче или во арома лампа и на тој начин да го вдишете.

За затнат нос, многу помага вдишувањето над сад со топла вода во која сте додале неколку капки масло од каранфилче.

Консумација на мед со каранфилче

Комбинацијата на мед со малку масло од каранфилче е одлична и за болки во грлото и кашлица.

Доколку немате масло, во медот можете да додадете и суви цели каранфилчиња (во една шолја мед се користат 5-10 сушени каранфилчиња) или мелено каранфилче.

Овој мед можете да го консумирате посебно или да го додадете во чајот.

Совети

Најдобро е да земете цело органско каранфилче, па можете сами да го смелете и да го додадете во мед или во чај.