Кроасаните не се француски, туку австриски! Направете дома совршени кроасани

Иако се смета за француско печиво, кроасанот го донела во Франција принцезата Марија Антоанета, ќерката на австриската царица Марија Тереза, која се омажила за францускиот крал Луј XVI. Ова австриско печиво заради неговиот облик на полумесечина, Французите го преименувале во Croissant de lune.

0
467
Фото: Unsplash

Иако кроасанот е печиво кое се прави од тесто слично на лиснатото тесто што потекнува од Австрија, најчесто се поврзува со Франција. Всушност печивото настанало во Австрија во 1863 година, за време на турската опсада на Виена.

Во Франција го донела принцезата Марија Антоанета, ќерката на австриската царица Марија Тереза, која се омажила за францускиот крал Луј XVI. Ова австриско печиво заради неговиот облик на полумесечина, Французите го преименувале во Croissant de lune.

На почетокот, кроасаните биле печива првенствено наменети за богатите и луксузен производ што не може секој да си ги дозволи. Но, во текот на 19 век, кроасанот станал толку широко распространет што до крајот на векот станал омилено печиво на средната класа. Во тоа време богатите претпочитале сладок бриош.

Еве го рецептот:

Состојки за 8 лица:

600 гр брашно
330 гр путер
2дл млеко
60 гр шеќер
30 гр квасец
сол

Приготвување:

Растворете го квасецот во 4 лажици вода и додадете шеќер. Зовријте го млекото и истурете го во длабок сад заедно со 30 гр путер, 2 лажички сол, растопен квасец и брашно. Мешајте додека не добиете мазно тесто кое потоа ќе го оставите покриено околу еден час.

Потоа месете го тестото неколку минути, па поклопено ставете го во фрижидер околу час и половина. Расукајте го тестото во правоаголник и премачкајте го со преостанатиот путер по неговата површина и преклопете така што путерот да не може да „излезе“ од тестото. Повторете ја постапката уште два пати.

Тестото вратете го во фрижидер на еден час, па развлечете го во правоаголник. Исечете го на квадрати, а потоа секој квадрат поделете го на два триаголници и завиткајте ги за да добиете форма на полумесечина.

Кроасаните наредете ги на плех и оставете ги да отстојат уште еден час. Печете ги на 190 степени околу 20 минути.