Крцкава гибаница со спанаќ и урда 

479

Најтешкиот дел од правењето на оваа раскошна гибаница е делот со миењето на спанаќот. Сѐ друго е едноставно, лесно и брзо, а резултатот – фантастичен

Состојки:

500 г готови кори

3 јajца

300 г кисело млеко

100 мл кисела вода

200 мл масло

1 лажица прашок за пециво

4 лажици пченкарно брашно

600 г спанаќ

300 г урда

Приготвување:

Изматете ги јајцата, па додадете го киселото млеко, киселата вода, маслото, пченкарното брашно и прашокот за пециво.

Измијте го спанаќот и ставете го во топла вода малку да омекне. Исечкајте го и додадете го филот заедно со урдата.

Во подмачкана тава ставете ја првата кора, попрскајте ја само со масло па ставете ја втората кора и ставете од филот со спанаќот.

Повторувајте ја постапката додека не се потрошат сите кори и целиот фил. Последната кора попрскајте ја само со масло.

Ставете ја гибаницата да се пече во загреана рерна на 200 степени.

Ако не можете да дочекате да се излади, барем јадете полека и со кисело млеко.