Македонска пита со јајца, власец и урда

Питата е вкусна, толку вкусна што многу лесно може да се случи да се прејадете... А потоа, тешко вас

0
213

Состојки:

За тестото:

700 г просеано брашно

1 свеж квасец

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

75 мл зејтин

400 мл млака вода

За филот:

700 г урда

1 китка власец

4 јајца

Сол по вкус

200 г путер

Приготвување:

Се замесува средно меко тесто. Се дели на 10 топчиња. Се оставаат да одморат 10 минути, а за тоа време се прави филот.

Се мешаат урдата, ситно сечкан власец, 4 јајца и сол по желба.

Се сука првото топче со дијаметар од 20 цм, се премачкува со растопен путер. Така се повторува и со останатите 5 топчиња. Корите се редат едно врз друго. Последната коричка не се премачкува. И преостанатите 4 топчиња се редат на истиот начин.

Пак се оставаат да одморат 10 минути. Потоа се сука поголемата кора за одоздола, до големина на тавата во која ќе се пече. Страните треба да излегуваат од тавата. Се премачкува со путер, се става филот. Помалата кора се сука многу тенко, треба да биде поголема за да мозат да се прават набори. Се става одозгора и краевите се виткаат.

Се премачкува со путер.

Рерната прво се вклучува на 220 степени, а потоа температурата се намалува на 180 и се пече 30 минути.